„Јас ја добив ќерката, нему му го оставив станот“ - Неда Украден за болниот развод и зошто не отиде на погреб на бившиот маж
- Детали
- недела, 26 јули 2026
„Јас сум единствената жена која му оставила стан на својот сопруг. А вложував во него од секој настап. Секој развод е грд, имаше ужасни зборови, но мора да го задржиш своето достоинство заради детето“, вели пејачката, чиј поранешен сопруг почина, но тие останаа во пријателски односи до самиот крај.

Пејачката Неда Украден (75) само еднаш во животот била во брак, и тоа со Милан Билбија со кого ја има ќерката Јелена.
Иако љубовта меѓу нив згаснала, а разводот бил тежок и болен, тие сепак останале во пријателски односи и имале меѓусебно почитување до неговата смрт.

Неда, која важи за отворена личност, често споделува детали од својот живот, а во едно од своите интервјуа зборуваше и за поранешниот сопруг, кому му го остави станот по разводот.
„Јас сум единствената жена која му оставила стан на својот сопруг. Јас вложував во него од секој настап.
Судот мене ми го додели детето. Секој развод е грд, имаше ужасни зборови, но мора да го задржиш своето достоинство заради детето.

Отсекогаш сум му била пријател, а тој беше мој. Што и да сме си кажале еден на друг, никогаш не би дозволила некој да каже лош збор против него.
Јас најдобро ги познавав неговите недостатоци.
Тој беше многу добар човек, голем интелектуалец... Но не се справи добро со мојата работа, и страдаше поради тоа, но не по моја вина. На крајот ја задржавме нашата почит еден кон друг“, рекла Украден.

Милан почина во 2013 година во Црна Гора, каде што беше погребан.
Пејачката брзо потоа кажа и дека сакала да му оддаде последна почит на својот поранешен сопруг, но не можела да отпатува на неговиот погреб бидејќи во тоа време се грижела за своите внуки, близначките Неда и Александра, во Белград.

А. Ј. | Црнобело