Прва фотографија и изјава на Србинот повреден во авионот на Ryanair: „Се сеќавам на експлозијата, го слушам звукот штом затворам очи“

„Ми кажаа дека сум се онесвестил и дека лицето ми било потечено и деформирано од притисокот, од силината на ветерот поради брзината со која летал авионот. Повремено ми се враќаат слики во главата, звукот на експлозијата, хаосот, но сакам да се опоравам“, вели Љубиша (61), кој мора 6 недели да носи Шанцова кравата.

prva-fotografija-i-izjava-na-srbinot-povreden-vo-avionot-na-ryanair-se-sekjavam-na-eksplozijata-go-slusham-zvukot-shtom-zatvoram-ochi-01.jpg

Љубиша Каровиќ (61), Србинот кој беше повреден на летот од Солун кон Минхен, откако прозорец се скрши и поради декомпресија во авионот и силните воздушни струи му го повлече телото надвор, се чувствува многу подобро.

Тој и неговата сопруга Светлана веќе неколку дена се во изнајмен стан во Катерини, Грција, пишува The Guardian, медиумот кој објави прва фотка од Љубиша по незгодата, како и негова изјава.

prva-fotografija-i-izjava-na-srbinot-povreden-vo-avionot-na-ryanair-se-sekjavam-na-eksplozijata-go-slusham-zvukot-shtom-zatvoram-ochi-05.jpg

Каровиќ, кој е сопственик на фабрика за алуминиум, носи Шанцова кравата, која и ќе ја носи шест недели според препораките на докторите, а на рацете му се гледаат изгореници, настанати од триењето на воздухот.

„Се сеќавам на експлозијата, на звукот пред да почне хаосот, на звукот што го слушам секојпат кога ќе затворам очи да заспијам.

Но, имав среќа. Не се сеќавам на многу работи, главата и вратот сè уште ме болат, но жив сум.

Мислам дека за тоа е заслужен појасот, тоа што бев врзан. А можеби е судбина. Верувам во Господ и му се заблагодарувам секој ден“, рекол тој.

prva-fotografija-i-izjava-na-srbinot-povreden-vo-avionot-na-ryanair-se-sekjavam-na-eksplozijata-go-slusham-zvukot-shtom-zatvoram-ochi-03.jpg

Според новите податоци, прозорецот се скршил на надморска височина од околу 4500m, а поради ненадејно губење на притисокот, горниот дел од телото на Србинот бил извлечен од авионот.

Во тоа време авионот летал со брзина од повеќе од 600km/h.

„Ми кажаа дека сум се онесвестил два пати, надвор и во авионот и дека лицето ми било потечено и деформирано од притисокот, од силината на ветерот поради брзината со која летал авионот. Сопругата ми го кажува тоа“, рекол Љубиша.

prva-fotografija-i-izjava-na-srbinot-povreden-vo-avionot-na-ryanair-se-sekjavam-na-eksplozijata-go-slusham-zvukot-shtom-zatvoram-ochi-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Са... Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а по...
Сопругата на Пеџа Јовановиќ, со кого се разведе 2 пати, е бикини божица на Малдиви: „Имам 3 деца, но... „Сакам да бидам подобар татко и подобар човек, затоа престанав да пијам“, вели П...

Најчитани неделава