Прва фотографија и изјава на Србинот повреден во авионот на Ryanair: „Се сеќавам на експлозијата, го слушам звукот штом затворам очи“
Тој кажал и дека Шанцовата кравата ќе треба да ја носи шест недели, а лекарите потоа ќе решат дали треба да го оперираат.
„Повремено ми се враќаат слики во главата, звукот на експлозијата, хаосот, но сакам да се опоравам.
Авиокомпанијата треба да ми даде компензација, не само да испраќаат меилови во кои се фокусирани на тоа да закажеме нов лет.
А на сите што некогаш ќе летаат, имам да им порачам никогаш да не го вадат сигурносниот појас. Не сакам никому да му се случи тоа што ми се случи на мене“, додал тој.

За потсетување, Љубиша со сопругата летал од Грција кон Германија, но брзо откако авионот на Ryanair влегол во воздушниот простор на Македонија, се случила несреќата, кога парче од моторот на авионот се откачило, удрило во прозорецот до кој седел тој и го скршил.
По ова почнала драма - авионот „паднал“ неколку метри надолу, телото на Љубиша било извлечено од авионот, па едвај го вратиле назад, а сопругата, која седела зад него, го држела за да не излета, додека друг патник ставил куфер покрај прозорецот за да ја затвори дупката.

По враќањето во Солун, Љубиша, во состојба на шок бил пренесен во болница во Солун, а неговата сопруга тогаш изјави дека ниедна стјуардеса не им помогнала.
Во статијата на The Guardian, пак, пишува и дека патници од авионот изјавиле дека и стјуардесите биле исплашени, со маски и дека и на нивните лица се гледал страв, зашто не знаеле дали авионот ќе се сруши.
А. Ј. | Црнобело