Дадо Полумента има 11 години помладата сопруга - му роди трето дете, за 1 месец се врати во топ форма, а се фали и со новиот стан
Но, се чини Ивона многу брзо се врати во форма.

Таа на Инстаграм објавува фотки со бебето, а таму може да се види дека е ослабната и дека ја има скоро истата фигура како и пред бременоста.

Но, освен со синот, и Ивона и Дадо периодов објавуваат и многу фотографии од новиот стан, што го купија неколку месеци пред породувањето на Ивона.

Тие покажуваа и како оди уредувањето на ентериерот, ги фотографираат ќерките во различни делови од домот, а и голем дел од фотографиите со Исак се направени дома и на нив може да се види луксузот во кој живее семејството Полумента.

За потсетување, Ивона е трета сопруга на Дадо, кој пред врската со неа, двапати се разведувал.

Од еден од претходните бракови, тој има син, а кој Ивона го има прифатено како свое дете.

А. Ј. | Црнобело