Ѓорѓе Давид низ солзи: „Имаше ужасна магла кај Куманово, доцна го видов сударот и удрив во колите - за жал, настрада жена“

„Тешко е, знаеш? Тешко е кога ќе сфатиш дека по игра на случајот си одзел нечиј живот, некому си му одзел сопруга, мајка. Тоа е траума што останува за цел живот. Ослободен си од обвиненијата, зашто сообраќајката е по вина на некој друг, но треба да живееш со тоа“ - вели Ѓорѓе Давид и си ја отвори душата за сообраќајката во Македонија.

gjorgje-david-imashe-uzhasna-magla-kaj-kumanovo-docna-go-vidov-sudarot-i-udriv-vo-kolite-za-zhal-nastrada-zhena-01.jpg

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид, кој со години е член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, не крие дека македонските кандидати му се омилени.

Со голем дел од нив настапува и денес, ги кани на своите концерти, ги поддржува во кариерата, а поради работата со нив, често е во Македонија.

Ѓорѓе, неодамна ја покажа и својата почит кон Владо Јаневски, кога дојде од Белград во Скопје специјално за меморијалниот собир пред арената Борис Трајковски, за да му оддаде почит на својот пријател.

gjorgje-david-imashe-uzhasna-magla-kaj-kumanovo-docna-go-vidov-sudarot-i-udriv-vo-kolite-za-zhal-nastrada-zhena-05.jpg

Сега, пак, тој беше гостин во подкастот на Стефан Лазаров, каде што зборуваше на бројни теми, меѓу кои и сообраќајката во Куманово, која се случи пред неколку години, а во која настрада жена.

Ѓорѓе сам го почна разговорот на оваа тема, па рече:

„Заврши со смртен исход, за жал, настада жена. Сударот се случи така што девојка по страшна магла, влегла во спротивна лента на автопат, била со мајка ѝ.

Страшна магла, -2°С, влажен коловоз, мраз, 21 јануари 2024. И удрила во друг автомобил.

gjorgje-david-imashe-uzhasna-magla-kaj-kumanovo-docna-go-vidov-sudarot-i-udriv-vo-kolite-za-zhal-nastrada-zhena-03.jpg

Јас во тоа време бев со другар ми Зоки, кај него во скај барот во Панорамика, таму спијам секогаш.

И Зоки ми рече: ‘Остани, слава ми е’, ама реков не, зашто требаше да се сретнам со кандидатите следниот ден.

Преспиј, бре, што е со тебе, будала, види какво е времето, стани си сабајле, отспиј си 4-5 часа, ќе се истушираш, па полека по ден ќе одиш, види каква магла има, птици одат пешки, што е со тебе’, ама му реков дека морам да одам.

gjorgje-david-imashe-uzhasna-magla-kaj-kumanovo-docna-go-vidov-sudarot-i-udriv-vo-kolite-za-zhal-nastrada-zhena-04.jpg

По 35 минути дојдов до местото на несреќата. Два скршени автомобили без светла, во темни бои, мрак, магла.

Нешто како да забележав и запалив долги светла и имав само 30 метри. Успеав само да ја притиснам кочницата и да го свртам воланот во десно.

Удрив во автомобилот, зад кој стоела жената, мајката на девојчето што ја предизвикало првата сообраќајка. Таа била неповредена, но излегла надвор, на автопатот, по шокот што го доживеала.

Јас наидов на таа постоечка ситуација, удрив во автомобилот, тој автомобил удри во жената, а јас слетав долу. Жената почина на место.

gjorgje-david-imashe-uzhasna-magla-kaj-kumanovo-docna-go-vidov-sudarot-i-udriv-vo-kolite-za-zhal-nastrada-zhena-02.jpg

Процесот траеше, јас сум ослободен од сите обвиненија. Спортист сум цел живот, никаков алкохол, дрога...

Бев 11 дена тука, ми го одзедоа документите, нормално. Престојував кај Зоки цело време, а на секои 2 дена се јавував во обвинителство...

Тешко е, знаеш? Тешко е кога ќе сфатиш дека по игра на случајот си одзел нечиј живот, некому си му одзел сопруга, мајка.

Тоа е траума што останува за цел живот. Ослободен си од обвиненијата, зашто сообраќајката е по вина на некој друг, но треба да живееш со тоа“.

Погледнете го интервјуто:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Жена била касната од отровната „риба-зајак“ во Пефкохори: „Влегов во водата и почувствував силна, не... Жена во Грција била касната од таканаречената отровна риба пуфер позната и како ...
Ален е дете родено од силување во војната во БиХ: „Го најдов биолошкиот татко и го прашав зошто ја с... „Пред мене се појави ‘ист јас’, само постар. Му се претставив, а тој ми рече ‘Зн...
Била мажена кога се запознале, 42 години имаа среќен брак - Љубовната приказна на Габи Новак и Арсен... „Таа имаше живот пред мене, а имав и јас. Но, еден ден сфатив дека ми е предодре...
Гласини за неверство, го отследи од Инстаграм - Дали по 11 години „пукна“ врската на Реља и Николија... „Анита рече дека сек*от со Реља бил невидено добар и дека се виделе 3 дена пред ...

Најчитани неделава