Хрватските ѕвезди во автобус без клима: „Ова е страшно - како бедници да сме!“

Додека едни ги сожалуваа препотените славни фаци на социјалните мрежи, други им одговорија дека сега конечно знаат како им е везден на обичните граѓани.

hrvatskite-dzvezdi-vo-avtobus-bez-klima-ova-e-strashno-kako-bednici-da-sme-1.png

Претседателката на Република Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, вчера организираше свечен прием по повод одбележување на Денот на државноста.

hrvatskite-dzvezdi-vo-avtobus-bez-klima-ova-e-strashno-kako-bednici-da-sme-2.jpg

На настанот очекувано пристигнаа и многумина познати лица од тамошната јавна сцена, само што превозот до конкретната локација ги „свари“ и „доведе до лудило“ повеќе имиња од естрадата, пренесуваат хрватските портали.

hrvatskite-dzvezdi-vo-avtobus-bez-klima-ova-e-strashno-kako-bednici-da-sme-3.jpg

Тие се возеа во автобус со расипана клима, наспроти фактот што надвор температурата надминуваше 30 целзиусови степени.

Славните патници не го криеја своето незадоволство, а младиот пејач Дино Јелушиќ дури сподели и снимка од вжештената атмосфера.

hrvatskite-dzvezdi-vo-avtobus-bez-klima-ova-e-strashno-kako-bednici-da-sme-4.jpg

На поплаките за непријатноста што ја чувствуваат во „пеколниот“ автобус, солидарно му се придружи и глумицата Ања Шоваговиќ-Деспот, додавајќи дека изгледаат како испотени и мокри „бедници“.

„Значи ова е страшно!“, гласи заклучокот на крајот од видеото, кое беше постирано на социјалните мрежи, па избришано подоцна.

Се запрашале ли тие како им е на нивните сограѓани, кои редовно се наоѓаат во иста ситуација, користејќи го градскиот превоз?

КЛИКНЕТЕ ТУКА ЗА ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ ВИДЕОТО

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пејачот Никола Роквиќ (40) некогаш имаше мака со килограмите, денес е во фит и мускулеста форма Тој вели дека 2021 година била најтешката за него, кога татко му се борел и почи...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
„Изгубив половина срце“ - Дарко Лазиќ скршен по смртта на брат му (32), кој беше пејач, со прекрасна... „Како да изгубив дел од себе, сè ова многу тешко ми падна. Изгубив половина од с...
„Се пораѓав, затоа ме немаше вчера“ – Едита Арадиновиќ роди девојче и објави први фотки од ќерката ш... „Ме немаше вчера, затоа што се пораѓав, но сега сум тука, продолжуваме со содржи...
Ја запознал во автобус, по 30 години брак ја замени со друга - Како изгледа првата сопруга на Бајага... „Ема живееше во Земун и се запознавме во автобус во кој се возевме често двајцат...
Едита Арадиновиќ се појави во 5-тиот месец од бременоста во емисија, откако таткото на детето ја ост... Едита Арадиновиќ блеска во бременоста, иако среде бременост раскина со таткото н...

Најчитани неделава