Мажествен и непрепознатлив – како изгледа Азис, бугарската ѕвезда која шокираше со ексцентричниот изглед? (фото)

Неговото целосно име е Васил Тројанов Бојанов, но сите го знаеме едноставно како Азис. Бугарската ѕвезда денес има 42 години. 

mazhestven-i-neprepoznatliv-kako-izgleda-azis-bugarskata-dzvezda-koja-shokirashe-so-ekscentrichniot-izgled-foto-01.jpg

Роден е во Сливен, Бугарија, а 2 години, во периодот од 2006 до 2008 година бил во брак со Николај Петров Парванов, познат по сценското име Ники Китаеца. Нивниот брак не бил признаен според бугарските закони кои не дозволуваат склучување на хомосексуални бракови.

Азис е татко на сега 13-годишната Раја, која се родила на 5 август, 2007 година. Нејзината мајка е долгогодишната пријателка на Азис по име Гала. Азис се идентификува себеси надвор од спектрумот на утврден машки и женски пол (анг. Non-binary), односно не се доживува ексклузивно ниту како маж ниту пак како жена.

Последниот студиски албум Азис го издаде во 2014 година, а сите ги паметиме неговите најголеми хитови „Обичам те“, дуетот со Глорија „Не сме безгрешни“, дуетот со Малина „Черните очи“, како и хитот „Точно сега“ со Устата кој беше дел и од саундтракот за вториот дел на акцијата The Expendables.

Но, за разлика од минатото кога Азис шокираше со раскошни фустани и пренападна, нагласена шминка, денес пејачот изгледа сосема поразлично.

Погледнете како изгледа:

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Азис објави прва фотка од сопругот, откако се омажи во САД и ги покажа бурмите Азис зад себе има еден истополов брак во Бугарија, но тој не е признат со законо...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Татко ѝ признал дека е геј и ја напуштил на 2 години, ќерка ѝ почина мистериозно - Тешката судбина н... „Кај татко ми отидов заедно со мојот сопруг, 20 години откако ме напушти. Негови...

Најчитани неделава