„Живее во раскошна вила, но е навистина скромен“ – Соседите откриваат каков човек е Здравко Чолиќ (70)

За него годините се само бројка, тој е безвременски музичар кој му даде многу на регионот, но и покрај статусот на легенда останува природен, скромен и приземјен. „Секогаш ја чуваше својата приватност, семејството никогаш не го провлекуваше по медиумите, изгледа не сакаше на децата да им го наметне товарот од неговата слава...“, вели една сосетка на Здравко Чолиќ.

kade-zhivee-zdravko-cholikj-70-i-shto-velat-sosedite-za-nego-kakov-chovek-e-01.jpgИзвор: Инстаграм Здравко Чолиќ

Легендарен, единствен и неповторлив... Здравко Чолиќ вчера (30.05) наполни 70 години. Тој е една од најголемите музички ѕвезди во регионот, но сепак е приземјен и скромен и својот приватен живот сака да го држи на страна од очите на јавноста.

Здравко Чолиќ со сопругата Александра и ќерките Уна и Лара живее во елитен, но мирен крај на Белград, пишува српскиот магазин Блиц.

Екипата на Блиц неодамна го посетила соседството каде живее Чолиќ и поразговарала со луѓето кои живеат во близина.

„Здравко остана скромен и приземјен, никогаш не се однесува како ѕвезда, туку како обичен човек, господин.

На игралиште често го среќавам со ќерка му Лара, која е навистина културно девојче за кое се гледа дека родителите се потрудиле при воспитувањето.

Здравко е навистина посветен татко. Се гледа дека ужива додека трча и се дружи со децата. Ниту ќерка му не е разгалена како што знаат да бидат децата на некои богати луѓе“, вели сосед на Здравко Чолиќ за Блиц.

Друга сосетка додава:

„Искрено да ви кажам ретко кој во паркот би го препознал Здравко. Повлечен е, носи капа и воопшто не е наметлив. Драго ми е секојпат кога ќе го видам. Ме потсетува на детството, израснав на неговата музика.

Секогаш ја чуваше својата приватност, семејството никогаш не го провлекуваше по медиумите, изгледа не сакаше на децата да им го наметне товарот од неговата слава.

Гледам дека сите го почитуваат и му се радуваат кога ќе го препознаат, а тој за секого има добар збор. Не е ниту чудно што сите овие години остана таква легенда. Живеам во неговото соседство и еве за толку години никогаш не сум слушнала некој да каже нешто лошо за него или на некој да му пречела некоја негова постапка.“

За српски Блиц уште една сосетка на Чолиќ проговори за него:

„Вилата му е одлично обезбедена, има две капии, простран двор, вистинско уживање. Се дружи само со неколку соседи со кои ужива во чаша вино во дворот, кој му е секогаш среден затоа што има ангажирано градинар. Но, и сам понекогаш сака да ги засука ракавите и да работи.

И неговата сопруга Александра исто така е прекрасна, таа е фина и мирна жена, прекрасна сосетка, баш се хармоничен пар“.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

110.000€ за Здравко Чолиќ - Колку ќе заработат балканските ѕвезди за дочекот на 2026 година? Иако до дочекот на новата 2026-та година има повеќе од два месеца, многу балканс...
Здравко Чолиќ ѝ прослави 24-ти роденден на ќерката со забава во ресторан - букет рози, чанта од 2.80... Уна Чолиќ пред извесен период конечно го откри идентитетот на 10 години постарио...
Петар Грашо за ќеркичката: „Здравко Чолиќ ни беше на гости и запеа, а таа му рече – доста пееш, глед... „Здравко беше кај нас пред неколку месеци, тоа беше многу слатка ситуација. Се д...
Здравко Чолиќ: „Моите ќерки се разгалени, постарата многу сака да се слика, постојано е со телефонот... „Имам две ќерки кои се разгалени. Нормално... Па, и јас би бил разгален да сум н...
Ќерката на Здравко Чолиќ, по долго криење, го покажа партнерот на одмор на Ибица - јахта, рози, лукс... По долго криење, Уна Чолиќ го покажа лицето на мажот што ѝ го освоил срцето. Нас...
Синот на Брена традиционално прави сарми, Александар Митевски со семејството: Св. Архангел Михаил во... Покрај Лепа Брена која секоја година прави голема слава, Св. Архангел Михаил го ...

Најчитани неделава