Северина (49) во топ форма по разводот со Игор Којиќ - ужива на одмор во Задар

По бурниот период во кој стави и официјално крај на бракот со Игор Којиќ, хрватската пејачка деновиве одмора на море во Задар, Хрватска, со пријателите.

severina-po-oficijalniot-razvod-od-igor-kojikj-se-podmladi-objavi-video-kako-visi-na-drvo-01.jpg

Хрватската пејачка Северина (49) објави видео во кое уште еднаш покажа дека е во топ форма, но и дека добро се забавува додека е на море со пријателките. Имаме можност да ја видиме познатата пејачка како се однесува како мало детенце – се качува на дрво, а оттаму скокна во море.

„И на дрво и во море“ – напиша таа до видеото.

Освен тоа, таа деновиве објавува повеќе фотографии и видеа од тоа како си поминува на одмор.

„Кога еднаш морето ќе ја фрли својата магија, тогаш засекогаш го држи човекот во мрежата на чудата“ – напиша таа до другата фотографија.

За потсетување, минатата недела, по повеќемесечни шпекулации дека се разделени и дека повеќе не се заедно Северина и Игор и официјално се разведоа. Северина пред да оди на море даде кратка изјава за медиумите, во која не штедеше на пофални зборови за поранешниот сопруг:

„Игор беше прекрасен партнер, поддршка и потпора во тешкиот период во мојот живот и му ја посакувам целата среќа. Знам дека сум јавна личност, но не сум јавна вреќа за млатење. Секоја разделба е тешка и ги молам медиумите да се воздржат од пишување глупости и непроверени трачеви“ – рече таа за Jutarnji.hr.

По оваа кратка изјава на Северина се огласи и Игор Којиќ, кој рече дека „сè е кажано“.

Инаку, за потсетување, на Северина ова ѝ беше прв официјален брак. Претходно била пет пати свршена, а од врската со нејзиниот свршеник Милан Поповиќ го има и синот Александар, за кого сè уште води судска битка поврзана околу старателството. Пред 20 месеци, на Северина ѝ беше одземено старателството над синот Александар, а има можност да го гледа повремено и со ограничувања.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава