Бурак Озџивит, Џан Јаман, Киванч Татлитуг – Кои се најзгодните турски актери?

Кој според вас е најзгоден турски актер? Љубителите на турските серии сигурно имаат по некој свој симпатија поради кого редовно ги следат сериите, а кога ќе се прашаат жените од Балканот овие седум турски актери се просто неодоливи.

burak-ozdjivit-djan-jaman-kenan-tatlitug-koi-se-najzgodnite-turski-akteri-01.jpg

Во продолжение погледнете седум турски актери што важат за вистински заводници:

Бурак Озџивит

Бурак Озџивит е еден од најпознатите турски актери кај нашата публика. За него се знае дека на почетокот на кариерата работел како модел, првата актерска улога ја имал во серијата „Екси 18“. На македонската публика ѝ стана познат по улогата на „Бали Бег“ во серијата „Сулејман Величествениот“.

Во 2017-тата година тој се ожени за колешката Фахрије Евџен и со неа во 2019-тата година го добија синот Каран. Бурак во моментов има 18.8 милиони следбеници на Инстаграм, а редовно објавува фотографии со семејството и со синот.

Џан Јаман

Џан Јаман е познат по улогата во серијата „Романтичарот“, а по него лудуваат не само жените од Балканот, туку и во други земји. Се чини каде и да се појави Џан Јаман зад него следат голем број обожавателки, ако може да се процени според она што неодамна се случуваше во Белград.

Тој исто така е мошне популарен и во Италија, каде при посетата пред извесно време буквално го следеле голем број жени и барале да се фотографираат со него, пришто тој на крај дури и морал да плати казна од 400 евра за непочитување на мерките за време на корона.

Џан Јаман има 8,6 милиони следбеници на Инстаграм, а редовно објавува фотографии со кои ги краде воздишките кај женската публика:

Халит Ергенч

Халит Ергенч е најплатениот и најпознатиот турски актер. Две години студирал за инженер за бродоградба, а потоа се префрлил на факултетот за актерска игра на универзитетот „Мимар Синан“. Како студент работел сè и сешто-бил оператер, пратечки вокал, а најмногу пари заработил како танчар во ноќни клубови.

Тој е во брак со неговата колешка од серијата „1001 ноќ“ Бергузар Корел со која во моментов го очекуваат третото дете.

Кенан Имирзалиоглу

На нашата публика ѝ е познат по улогата на Езел. Кенан Имирзалиоглу е турски филмски и телевизиски актер и модел. Дипломирал математика, но долги години се занимава со глума. Не е многу активен на социјалните мрежи, а неговиот Инстаграм профил го следат 111 илјади следбеници.

Мехмет Гунсур

Мехмет Гунсур исто така играше во серијата „Сулејман Величествениот“ каде ја толкуваше улогата на принцот Мустафа, најстариот син на Сулејман.

Тој ги завршил студиите по глума во Италија каде и денес живее со своето семејство. Работел како манекен и бармен. Оженет е за италијанска режисерка со која имаат две деца. Вели дека во Италија е среќен затоа што не го прогонуваат фотографи, додека во родната Турција постојано се наоѓа во таблоидите.

Киванч Татлитуг

Киванч Татлитуг уште го нарекуваат и турскиот Бред Пит. Тој е поранешен кошаркар, а во 2002-та година бил избран и за најубав машки модел во светот.

Тој играше во серијата „Ѓумуш“, во серијата „Езел“ и во серијата „Скриени страсти“.

Озџан Дениз

Со турскиот актер Озџан Дениз македонската публика имаше прилика да се запознае преку улогата на Мурат во ТВ серијата „Црната Роза“, а потоа следеа улогите и во други ТВ серии, како во „Виорот на судбината“, „Парампарче“, „Истанбулската невеста“ и други.

Тој 15 месеци беше во брак со актерката и манекенка Фејза Актан, со која го има синот Кузај. Озџан на Инстаграм има 2,3 милиони следбеници, а редовно објавува фотографии и од семејството, но и од проектите на кои работи.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Наташа од „Фрајле“ со трогателна исповед: „Брат ми се самоуби, додека јас бев во соба до неговата“ „Буквално денот пред да си го одземе животот брат ми Рале (26) се шегуваше со мо...
Се огласи ќерката на Аца од „Амадеус бенд“ кој се откажа од неа: „Тој ги објави голите фотки на мајк... „Едно утро во 4 часот, веројатно пијан, ми испрати порака дека сфатил дека не го...
„Ми се скрши нокт на склекови“ - Хит видео на Хрват за младите момци на кои им воведоа воен рок „Нѐ натераа сами да си ги местиме креветите, немав време за мојот ритуал за убав...
Вирално видео на Србинка: „Јас сум заменик директорка и сум патлиџан турист – со себе носам макарони... „Многу од вас мислат дека ви требаат многу пари за одмор, дека мора да можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg