Петар Грашо (45) е во врска со 31-годишната ќерка на Тончи Хуљиќ, 4 месеци по раскинувањето со Данијела Мартиновиќ

4 месеци по раскинувањето на 24-годишната врска со Данијела Мартиновиќ, се зборува дека наводно Грашо е во врска со 14 години помладата Хана, ќерка на Тончи Хуљиќ, која ја знае уште од дете. 

petar-grasho-4-meseci-po-raskinuvanjeto-so-danijela-martinovikj-e-vo-vrska-so-31-godishnata-kjerka-na-tonchi-huljikj-01.jpg

По долгата врска и раскинувањето со пејачката Данијела Мартиновиќ, хрватскиот пејач Петар Грашо (45) наводно е во нова љубовна врска со најмладата ќерка на хрватскиот музичар, текстописец и музички продуцент Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ (31).

Вестите за новата врска на Грашо наводно се потврдени и од членовите на семејството. Како што пренесуваат хрватските медиуми, Грашо и Хуљиќ се семејни пријатели со години, а Петар ја познавал Хана уште додека била дете.

Според пишувањата, Петар и Хана се во романтична врска веќе неколку месеци наназад, а познато е дека тој во мај месец годинава ја раскина долгогодишната врска со пејачката Данијела Мартиновиќ (50).

Прочитајте повеќе: Заедно беа од далечната '97-ма и не застанаа пред олтар – Љубовта на Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ, кои се разделија по 24 години

За потсетување, Хана и Петар во 2016-та година заедно ја испеаја песната Srce za vodica, а Петар тогаш призна дека Тончи не бил среќен затоа што сакал да соработува со неговата најмлада ќерка.

„Кога му реков на Тончи дека би сакал да соработувам со Хана, тој не беше пресреќен затоа што не сакаше луѓето да мислат дека тој ја ‘турнал’ во тоа.

Но, кога слушна како таа звучи во студио, знаевме дека тоа е полн погодок. Хана ја сметам како дел од семејството“ – изјави тогаш Петар за Story.

Гласините за нивната љубовна врска ги поттикнаа хрватските медиуми кои објавија фотографии на кои Хана и Петар се заедно на прошетка и пишуваат дека се заедно неколку месеци наназад.

Хана е активна на социјалните мрежи и редовно објавува свои фотографии, погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Петар Грашо за ќеркичката: „Здравко Чолиќ ни беше на гости и запеа, а таа му рече – доста пееш, глед... „Здравко беше кај нас пред неколку месеци, тоа беше многу слатка ситуација. Се д...
„Ќерка ми ми е најлош клиент, a не ни плаќа“ – Србинка направи „откачено“ генијална торта, на крај д... Србинка објави видео од процесот на изработка на генијална торта за својата ќерк...
Наводно има долгови, живее нов живот во Дубаи – Што прави бившиот на Марија Микиќ, по разводот и сол... Точно пред да објават за разводот, тој сподели снимка на која танцува со ќерка м...
Скандал на Милица Тодоровиќ - Мажот со кого доби син е 19 години во брак, неговата сопруга ја откри ... „Тој пред еден месец ми соопшти дека чека дете со Милица. Веднаш ја побарав, ја ...
Данијела Димитровска тајно се венча за помладиот дечко: „Моето засекогаш ДА – тивко, во мал круг“ „Моето засекогаш ДА. 27.01.2026 Тивко, во мал круг. Наскоро ќе славиме сите заед...
Данијела Димитровска купи стан од 500.000€ со 6 години помладиот свршеник - Поглед на море во монден... „Моментално го опремуваме станот, но знаете и самите, ништо никогаш не оди точно...

Најчитани неделава