Која е 20 години помладата сопруга на Драган Маринковиќ-Маца, со која се оженил по 4 месеци?

По професија е фризерка, успеала да го заведе и да го натера на брак иако по првиот развод тој се заколнал дека нема да се жени, останала бремена со тројка, но имала спонтан абортус – која е сопругата на босанскиот актер Маца?

zapoznajte-ja-20-godini-pomladata-sopruga-na-dragan-marikovikj-maca-se-ozhenil-so-nea-po-samo-4-meseci-zabavuvanje-01.jpg

Македонската публика го запозна Драган Маринковиќ Маца по неговото учество како водител во шоуто „Операција Триумф“, а малкумина знаат дека тој е оженет за вистинска убавица.

Познатиот босански актер и водител Драган Маринковиќ Маца (53) е во брак со атрактивната Јована Милиќ (31) речиси пет години.

Неговата 20-години помлада сопруга по професија е фризерка, а успеала да го заведе и да го натера за само 4 месеци да застане пред матичар повторно, иако по претходниот развод Маца се заколнал дека повеќе никогаш нема да стапи во брак.

„Јас со мојата сопруга, мојата Јована се оженив за многу краток временски период. Почнавме да се забавуваме на 8-ми септември, а на 14-ти јануари ја објавивме венчавката.

На нејзиниот роденден, затоа што тоа нејзе многу ѝ значеше ја почестив со тој лист хартија. Мене тој лист хартија не ми значеше ништо“ – изјави претходно Маца за медиумите.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Jovana Marinković (@jovanadraganova)

По стапувањето во брак, Јована останала бремена со тројка, но за жал имала спонтан абортус. Сепак, одлично се сложува со неговите синови од претходните бракови - Лав (16) и Фјодор Симеон (12).

„Таа има прекрасен однос кон децата, особено кон нејзините внуци и моите синови. Кога ја гледам со нив сфаќам дека таа е родена да биде мајка.

Длабоко верувам дека Бог ќе ни подари барем едно бебе, за почеток.

Доколку увидиме дека тоа не оди како што треба би можеле да се одлучиме и на вештачко оплодување. Тоа се работи за коишто едноставно не смеете да се предадете.

Децата навистина се смисла на животот, во оној миг кога ќе се родат стануваат центар на твојот свет“ – изјави тој во интервју за магазинот Gloria.

Драган и Јована живеат во Белград, но тие често ги гледаат неговите синови што живеат во Сараево и Нови Сад.

Јована редовно споделува фотографии на нејзиниот Инстаграм профил, погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Сопруга на српски фудбалер купи бебешка количка за ќерка ѝ од 3.200 евра - мислењата поделени Фудбалскиот голман Предраг Рајковиќ заработува одлично, па неговата сопруга Ана ...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Љубовната приказна на Жељко и Јована Јоксимовиќ - Знаел дека е вистинската кога видел свое ЦД во неј... „Кога се запознавме, ме возеше со автомобилот и се сеќавам од љубопитност ја отв...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...

Најчитани неделава