„Стројничкиот бизнис цвета“ – Србите масовно се женат со Русинки, затоа што наводно се подобри од Србинките

За Србите очигледно е сон да се омажат за Русинка. Ова е нов тренд кај нашиот северен сосед, а агенциите кои се занимаваат со посредување при склучување бракови со жени од Русија „цветаат“ поради „бизнисот“.

Srbite-masovno-se-zenat-so-Rusinki-01.jpg

Според српскиот веб-сајт Mondo, посредувањето бракови со жени од Русија е популарен бизнис во Србија и не е познато точно колку вакви бракови се имаат склучено досега.

Браковите се склучуваат преку агенции, а од сајтот пренесуваат и детали што ги добиле од сопственик на ваква агенција.

Не е наведено за која агенција станува збор, но постои српски веб-сајт кој наводно ги нуди овие услуги. На сајтот има и линк до Инстаграм профил со над 20.000 следбеници, што значи оваа услуга дефинитивно е популарна.

Кои критериуми треба да ги исполнуваат Србите, зошто сакаат токму Русинки за сопруги и колку чинат овие услуги?

Критериуми: да биде висок, под 50 години и да има работа

Од агенцијата за посредување на брачни односи меѓу Срби и Русинки потврдуваат дека имале стотина профили од жени кои изјавиле дека би сакале да земат Србин за маж.

„Меѓу Русинките кои бараат да склучат брак во Србија, најмногу се оние на возраст од 29 до 35 години. Бараат маж кој е вработен, да нема повеќе од 50 години, висок и финансиски стабилен.

Немаат проблем да се доселат и да живеат во Србија, да се откажат од работата и кариерата за да им се посветат на своите семејства, а тоа е нешто што Србите најмногу го ценат“, вели сопственикот на агенцијата.

strojnickiot-biznis-cveta-srbite-masovno-se-zenat-so-rusinski-zatoa-sto-se-mladi-doterani-i-tradicionalni-za-razlika-od-srbinkite-02.jpg

Колку чини склопувањето на бракот?

На ова прашање, одговорот е прилично загадочен, бидејќи се истакнува дека постојат неколку понуди и на клиентите им останува да изберат што најмногу им одговара. Целиот износ на цената се плаќа по склучувањето на бракот, но, се разбира, нема гаранција.

„Ако мажот сака жената да биде на приближно иста возраст, се потпишува договор, се плаќа годишна членарина од 700 евра и по склопувањето на бракот се плаќаат уште 300 евра. Сместувањето и средбите си ги финансираат сами.

Ако клиентот сака невестата да биде шест години помлада или повеќе, тоа чини 1.500 евра и се смета за ВИП услуга. Ние сме овде да помогнеме кога станува збор за запознавање и комуникација“, велат од агенцијата.

Зошто Србите ги сакаат Русинките?

Mondo сподели и изјава од маж од Крагуевац кој е во брак со Русинка:

„Мислам дека Русинките се многу негувани, убави и женствени, а тоа најпрво ми се допадна. Покрај тоа, тие се традиционални, на првото место им се мажот и семејството – нешто што стана реткост кај жените од Србија.

Ако им обезбедиш сигурност, нема да трчаат по работа и кариера. Готват, се грижат децата, му дозволуваат на мажот да го има последниот збор, важна им е грижата за детето. За мене, сето ова се добри особини“.

Што мислите за овој тренд? Смешно, бизарно, необично или сосема нормално?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Колку е убав“ - Душко Тошиќ ѝ покажа на Карлеуша каков мангуп изгубила со фотки од себе на одморот ... Во вртоглаво скапиот ресорт во Турција, Душко денски покрај плажа, одвојува врем...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Островот Крит како сцена од апокалиптичен филм: Портокалово небо и прашина поради песочна бура од Са... Поради песочна бура од Сахара, вчера островот Крит беше покриен со прашина, а по...

Најчитани неделава