Жељко Самарџиќ (66) проговори за Хашимото синдромот: „Болеста ме промени од корен – се носам како знам и умеам“

Популарниот српски пејач Жељко Самарџиќ (66) ретко говори за приватниот живот, но се отвори и проговори за сопствената здравствена состојба и за тоа како се справува со Хашимото синдромот.

zheljko-samardjikj-66-progovori-za-hashimoto-sindromot-bolesta-me-promeni-od-koren-se-nosam-kako-znam-i-umeam-01.jpg

Хашимото синдромот е автоимуно заболување на штитната жлезда. Имунолошкиот систем кај лица со Хашимото тиреоидитис погрешно ги препознава нормалните тироидни клетки како туѓо ткиво и создава антитела кои доведуваат до нивно оштетување.

Последица на тоа е намалена функција на штитната жлезда, односно недоволно создавање хормони.

Хашимото синдромот почесто се јавува кај жени отколку кај мажи, а како симптоми се јавуваат отежнато голтање, зарипнатост, чувство на „грутка“ во грлото, поспаност, заборавеност, забавеност на говорот и мислите…

Оваа болест често може да доведе и до покачување на телесната тежина, проблеми со работењето на срцето, покачен холестерол во крвта итн.

Познатиот српски пејач Жељко Самарџиќ ненадејно открил дека подолго време боледува од оваа болест, кога бил на операција на симпатикусот со цел да го намали потењето, за по некое време да дознае дека боледува од Хашимото.

Тој во 2019-та година кога дознал дека боледува од болеста говорел јавно во медиумите за предизвиците со кои се соочувал, па тогаш рече дека се чувствувал како да му се срушил целиот свет:

„Од мигот кога ми се случи Хашимото како да ми се сруши целиот свет, не знаев што ми е. Сега продолжив да живеам нормален живот, затоа што редовно ја земам терапијата. На три месеци одам на контрола и правам анализа на крвта.

Мене болеста ме промени од корен. Порано знаев да се напијам чаша ракија или повеќе вино, а сега не можам да го правам тоа затоа што постојано морам да ги чувам гласните жици“ – рече тогаш тој.

Сега, две години подоцна, пејачот повторно проговори за болеста во интервју за Objektiv, каде откри дека болеста е една од причините зошто подолго време не се појавил на јавен настап пред публиката во Белград:

„Тоа е автоимуна болест на штитната жлезда што создава проблеми, но штом почнав со редовните терапии, сè е во ред. Секое утро пијам по една таблета и тоа е тоа.

Во главно жените заболуваат од таа болест, но, ете и мене ми се случи, па се носам како знам и умеам. Подоцна дознав дека голем број од моите пријатели имаат Хашимото синдром, а дека јас сум го имал долго време, но не сум знаел“ – рече тој.

Инаку, најголема поддршка на пејачот е неговата сопруга Маја со која е веќе 40 години во брак, а редовно објавува нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи. Тој во една пригода за медиумите призна дека имало мигови кога се соочувале и со потешкотии во бракот, но дека сето тоа го надминале заедно:

„Сѐ околу нас е резултат на нашата љубов, разбирање и уважување. Така е од првиот ден кога бевме млади и вљубени до уши еден во друг, и гласно си кажавме 'Да'“ - рече тој.

Инаку, со Хашимото синдромот се бори и српската пејачка Сања Вучиќ од триото Hurricane.

Прочитајте и Факти за Сања Вучиќ од Hurricane - боледува од Хашимото, како дете била полничка и жртва на врсничко насилство

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Жељко и Јована Јоксимовиќ за децата на кои им ги кријат лицата: „Коста прашува зошто лицето му е зам... „Се трудиме негативните работи да не нѐ допираат. Инаку, кога си нападнат, се по...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Вељко Ражнатовиќ и убавата сопруга му направија 6-ти роденден на синот Жељко во селото каде живеат –... Синот на Цеца му направи забава на својот прв наследник Жељко, во дворот од домо...
„Полуда е од мене“ - Огњен Амиџиќ откри зошто ја обожава втората сопруга, со која неодамна доби ќерк... „Мина е фантастична и ѝ го кажав тоа, веднаш штом се запознавме. Мене ми е многу...
Жељко Бебек има 4 деца од 3 брака - втората ќерка се крие од јавноста, најмалите деца ги крсти по ро... Жељко Бебек, кој неодамна го прослави 80-тиот роденден е горд татко на 4 деца - ...

Најчитани неделава