Браво! По Цеца, и Јелена Карлеуша во специфична креација од македонски дизајнер (фото)

За CRNOBELO.com Златко Јовановски открива каква била Јелена Карлеуша за соработка и кои барања ги имала од него... Браво за талентот, кој го препозна и регионот!

bravo-po-ceca-i-jelena-karleusha-vo-specifichna-kreacija-od-makedonski-dizajner-foto-01.jpg

Летото Светлана Цеца Ражнатовиќ ја заврши својата турнеја, со концерт во Србија во креација од брендот „JZJ by Zlatko Jovanovski – Couturier“ на македонскиот дизајнер Златко Јовановски.

Сега, и Јелена Карлеуша се појави на фотосесија во креација од овој наш дизајнер.

За CRNOBELO.com Златко открива каква била Јелена Карлеуша и кои барања ги имала од него:

„Јелена Карлеуша на мое задоволство неколкупати на телевизија јавно упати комплименти за мојата работа. Потоа кога се запознавме на едно мое патување во Белград, таа ми ги даде нејзините мерки.

Се договоривме дека мора да биде во мој стил, што поголо и многу уникатно. Ииииии, еве го резултатот.

bravo-po-ceca-i-jelena-karleusha-vo-specifichna-kreacija-od-makedonski-dizajner-foto-02.jpg

Исто така морам да кажам дека иако таа е огромна ѕвезда, со мене како соработник беше пред сѐ многу професионална, фер, и јаа сум многу среќен дека ми веруваше во целост, и моделите не трпеа ниту една корекција од мојата замисла. Напротив многу ѝ се допаднаа.

Ова го кажувам во множина дека наскоро треба да излезат фотографии со уште една моја креација на неа.

2022-ра не ни можеше да почне подобро, а јас сакам да додадам да верувате во вас и вашите сонови, дека ако сте вредни - сигурно ќе станат реалност.

Ваш JZJ - The king of sparkle.“

© CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Јелена Карлеуша (46) се огласи по потсмевот кон неа од бившиот Душко Тошиќ (40): „Не е секој за семе... „Неговата објава ми ја покажаа ќерките. Тоа покажува колку беше грдо и непромисл...
Јелена Карлеуша со дрзок коментар за Теа Таировиќ: „Смрди на евтино и преку екран“ Запрашана што мисли за стилот на Теа Таировиќ, која се фотографираше во костим с...
Јелена Розга за здравствените проблеми: „Шеќерот знае да ми ‘полуди’ додека сум на бина - морам да ј... „Ме ставија на терапија. Всушност, имам инсулинска резистенција и шеќерот ми ‘по...

Најчитани неделава