Харис Џиновиќ за ќерката (17): „Не ми паѓа на памет да следам како ги напрчила усните и го истакнала задникот“

Децата на познатите во голем случај не можат да избегаат од лупата на јавноста, а некои од нив не се ни обидуваат, односно одлучуваат да зачекорат по стапките на своите родители.

Ne-mi-pagja-na-pamet-da-sledam-kako-gi-naprchila-usnite-i-go-istaknala-zadnikot-kjerkata-na-Haris-Dzinovikj-e-vistinska-zvezda-na-Instagram-i-Tiktok 01 630x330.jpg

Ќерката на фолк пејачот Харис и модната креаторка Мелина - Џина Џиновиќ (17) за навистина кратко време стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи.

Наследничката на познатиот пар е особено популарна на ТикTок и Инстаграм каде има илјадници следбеници.

Освен што често споделува фотки од себеси, но и такви од семејниот дом, Џина понекогаш споделува и некои интересни детали за нејзините родители. 

За нејзиниот помлад брат Кан се знае малку, бидејќи тој засега не сака да се експонира во јавноста.

Џина не крие дека е вљубена во младиот фудбалер на Црвена ѕвезда - Андреј Ѓуриќ, кој многу често е гостин во нивниот дом.

Неодамна, мајката Мелина за медиумите ја коментираше оваа младешка врска:

„Јас и Харис без проблем ја поддржавме нејзината врска, бидејќи Андреј Ѓуриќ е фантастично момче. Го сакаме многу, а токму Харис беше тој што прв ја дозволи оваа љубовна приказна и тоа ми беше малку шокантно“.

Харис и Мелина, со Џина и Кан, по три години средување и украсување, се вселиле во вила вредна два милиони евра.

Ne-mi-pagja-na-pamet-da-sledam-kako-gi-naprchila-usnite-i-go-istaknala-zadnikot-kjerkata-na-Haris-Dzinovikj-e-vistinska-zvezda-na-Instagram-i-Tiktok 02 630x380.jpg

Пејачот повеќепати истакна дека не се меша во животот на своите наследници, особено на ќерката Џина Џиновиќ, за која како што вели - има различни ставови од него.

Имено, на изјавата дека Џина привлекува внимание и дека ѝ оди навистина добро, Харис изјави:

„Па, добро ѝ оди. Не се мешам, зошто би се мешал? Нашите животи се различни, таа има свои ставови, а јас мои“.

Харис исто така истакнува дека не му паѓа на памет да следи што прави неговата ќерка на Инстаграм.

„Не следам и не ми паѓа на памет. Да следам како ги напрчила усните, го истакнала задникот, сега тоа е главната приказна.

Не можам да го правам тоа, тоа ја навредува мојата интелигенција. Или да гледам Задруга, Парови, овие реални шоуа... Па, тоа навистина не можам да си го дозволам“.

Во продолжение повеќе фотки од популарната Џина Џиновиќ:

https://www.instagram.com/p/CWHBH_Csmzl/

https://www.instagram.com/p/CRCSVAOruBB/

https://www.instagram.com/p/CPa6LlCLYWs/

https://www.instagram.com/p/CVIOTDHgqtg/

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Љубов каква што веќе не постои, сплотени 45 години – Факти за бракот на Милена Дравиќ и Драган Никол... Таа беше вонсериски талент, убавица, вистинска дама обожавана од сите генерации....
Лилјана од „Тома“, жената која го расплака целиот Балкан – која е актерката што маестрално ја одглум... Паулина Манов (46) ја игра улогата на Лилјана во „Тома“, сопругата на докторот н...
Факти за љубовта на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ - „Истата вечер кога ја запознав, реков дека ќе се... Оваа година, на 7 декември, еден од најомилените балкански парови, Лепа Брена и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg