Сите зборуваат за Мелина, но која била жената во која бил вљубен Харис Џиновиќ пред неа?
- Детали
- недела, 17 мај 2026
На левата подлактица на Харис Џиновиќ се наоѓа избледена тетоважа со женско име, која и покрај годините останала засекогаш врежана во неговата кожа.

Харис Џиновиќ со месеци е главна тема во јавноста, како поради разводот со Мелина Џиновиќ, така и поради нејзината венчавка со британскиот милионер Џефри.
Додека едни го сожалуваат и велат дека сè уште пати по поранешната сопруга, други сметаат дека му е подобро без неа.

Сепак, малкумина знаат дека пред Мелина, Харис сакал жена по име Аида, и дека таа љубов и ден денес ја „носи“ со себе.
Имено, пејачот со години крие еден детаљ - тетоважа на раката што зборува за неговото минато и љубовниот живот.
На левата подлактица на Харис Џиновиќ се наоѓа избледена тетоважа со женско име, која и покрај годините останала засекогаш врежана во неговата кожа.

Станува збор за името „Аида“, испишано со ситни букви помеѓу лактот и зглобот на раката, во тенка рамка која денес едвај се забележува.
Тетоважата не е направена професионално и со текот на времето избледела, но интересно е што пејачот никогаш не се обидел да ја отстрани со ласер или да ја преработи.
Извор близок до пејачот открил дека зад тетоважата се крие приказна од времето кога Харис сè уште не бил голема музичка ѕвезда, туку младо момче, пренесуваат регионалните медиуми.
Тетоважата речиси никогаш не се гледа бидејќи пејачот најчесто носи одела и кошули со долги ракави.
Пред рефлекторите, хитовите и полните концертни сали, Харис живеел сосема поинаков живот во Босна и Херцеговина, каде што ја запознал девојката која му ја одбележала младоста - Аида.
Нивната љубов била младешка, искрена и полна со емоции, а токму поради таа силна поврзаност пејачот одлучил нејзиното име засекогаш да го носи на своето тело.
Харис и Мелина
С. С. | Црнобело