Наташа Беквалац направи бајковита забава по повод 4-тиот роденден на ќеркичката (фото)

„Заради тебе секој мој ден е роденден“ – напиша српската пејачка Наташа Беквалац која неодамна го прослави 4-иот роденден на ќерката Катја. Инаку, познато е дека Наташа Беквалац беше жртва на семејно насилство и во повеќе наврати во минатото говореше за хорор искуството со третиот сопруг и таткото на Катја, Лука Лазукиќ.

natasha-bekvalac-go-proslavi-4-iot-rodenden-na-kjerkata-na-moite-devojchinja-nikoj-nema-da-krene-raka-dodeka-sum-zhiva-01.jpg

Српската пејачка Наташа Беквалац (41) го прослави 4-иот роденден на ќерката Катја на 28.02 и објави емотивно видео од Катја до кое напиша:

„Среќен роденден љубов мајкина. Единствено што сакам е целиот живот вака да се смееш, да бидеш здрава и толку своја и посебна. Ми го даде животот и ми го испиша името и презимето. Те сака твојата мајка. Кети моја“.

View this post on Instagram

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Една недела подоцна Наташа на Инстаграм објави повеќе фотографии и покажа како изгледала роденденската забава. Со балони и забава убавата српска пејачка го прослави денот на раѓањето на нејзината втора ќерка.

„Заради тебе секој мој ден е роденден“ – напиша таа до фотографиите.

Инаку, познато е дека Наташа Беквалац беше жртва на семејно насилство и во повеќе наврати во минатото говореше за хорор искуството со третиот сопруг и таткото на Катја, Лука Лазукиќ.

Таа неодамна даде пообемно интервју за српските медиуми, каде говореше за мајчинството, воспитувањето на децата, но и за семејното насилство.

Наташа, која трипати досега застанала пред олтар, честопати е мета на критики поради неуспешните бракови, а сега повторно одговори за тоа како се носи со таквите коментари.

Како што вели таа за Hello.rs нејзината изјава дека ‘заради децата не останувала во брак туку се разведувала’ била начин да се спротивстави на жените што со потсмев и гласно го коментираат она што тие го сметаат за нејзин животен неуспех.

„Велат дека се во брак заради децата, божем толку многу се жртвуваат што не можат да дозволат децата да им растат во растурени семејства затоа што на децата им се потребни двајца родители.

За многу од нив знам дека децата им слушаат секојдневно кавги, расправии, понижувања, па дури и трпат разни облици на насилство, но важно им е да го сочуваат семејството. Но, тоа не е така во мојот случај. Хана и Катја никогаш не слушнале повишен тон во мојата куќа и врз нив никој нема да крене рака додека сум жива“ – вели Наташа.

Инаку, Наташа претходно во повеќе наврати говореше за насилството што го претрпела додека била во брак со таткото на Катја, а тврдеше дека Лазукиќ почнал да ја малтретира уште од првиот ден кога стапиле во брак на 25-ти септември 2017-та година.

Наташа крвнички беше претепана од својот трет сопруг на 14-ти април 2018-та година затоа што нагло го разбудила, кога следеше и третиот развод, само неколку недели по раѓањето на Катја.

Прочитајте и Наташа Беквалац по хоророт со третиот сопруг: „Трпев заради ќерка ми – сега психијатарот ми вели дека не ми треба маж“

Погледнете повеќе фотографии од роденденот на Катја на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Видео кое го згрози регионот: Босанскиот рапер Буба Корели ја влече девојката за коса на улица + сит... „Се надевам дека ова го гледаат девојчиња и жени кои одат на настапите на Буба К...
Што знаеме за првата сопруга на Огњен Амиџиќ – Таа го запросила, ретко се појавувал со неа во јавнос... „Првиот пат стапив во брак затоа што мислев дека така треба, а не затоа што бев ...
Бившиот на Цеца, со малку оседена коса, ужива во љубовта со некогашната Мис Србија – ја преболи пеја... „Сонце, песок, море и ти. Само мој“, напиша новата девојка на бизнисменот Богдан...
Анѓелка Прпиќ изгледа фит во црвено, откако тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поран... Актерката Анѓелка Прпиќ, која во мај доби дете, а неодамна тајно се омажи за нај...
Се родил без знаци на живот, мислеле дека ќе има трајни последици – Како изгледа денес постариот бра... Познато е дека српскиот музичар Михајло Веруовиќ Војаж ретко споделува детали од...
Беше во врска со 24 години помлада жена, откако добија син се разделија: Хрватскиот актер од „Изборо... Изнесе скандалозни тврдења дека поранешната партнерка не му дозволува да го глед...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg