Што знаеме за српскиот шминкер Стефан Суботиќ, кој со трансформациите ја импресионира и Ким Кардашијан?

Стефан Суботиќ е шминкер кој ја импресионира и Ким Кардашијан поради неверојатната моќ за трансформација само со помош на шминка. Кога е облечен како жена го користи името Клео, а вели дека за една трансформација му се потребни до 3 часа.

so-transformaciite-ja-impresionira-i-kim-kardashijan-saka-da-go-vikaat-kleo-fakti-za-shminkerot-stefan-subotikj-01.jpg

Стефан Суботиќ неодамна се трансформираше во српската претставничка за Евровизија 2022, Констракта и ги остави своите следбеници на социјалните мрежи без зборови.

Стефан по потекло е од малиот град Добој во Република Српска, БиХ, а со своите трансформации кои редовно ги објавува на Инстаграм привлече огромно внимание како кај регионалчната, така и кај светската публика.

Во продолжение проследете неколку интересни факти за Стефан Суботиќ:

Стефан Суботиќ има 28 години и потекнува од Добој, БиХ. Тој е шминкер и drag queen кој често се трансформира во некои од најпознатите светски личности.

Во гостување во емисија во 2020-та година Стефан откри дека кога настапува облечен како жена тогаш го користи името Клео, скратено од Клеопатра, што всушност е неговото алтер-его.

Стефан денес работи како шминкер, а студирал графички дизајн. Како што вели, сè започнало еден ден кога пријателката побарала од него да ја нашминка, а тој се обидел техниките за цртање да ги применува и со шминката.

Идејата за трансформации ја добил сосема случајно додека пребарувал на интернет па добил идеја и тој самиот да почне да го прави тоа.

За една трансформација Стефан троши околу 3 часа, а вели дека за него многу поголем предизвик е да се трансформира во женски лик.

„Не е баш едноставно да направите ист нос, уста и целосна шминка како Ријана, Мерлин Монро, Меган Фокс или Ејми Вајнхаус на своето лице. Предизвикот е голем“ – вели тој.

Стефан, како што може да се види од неговите видеа обожава да ја користи техниката за контурирање и тоа особено е нагласено во неговите лични трансформации.

Освен своите, Стефан редовно споделува трансформации и од дел од своите клиенти, што просто се неверојатни.

Стефан во минатото правеше трансформации од сите членови на семејството Кардашијан, а во 2017-та година откако објави колаж од неговата трансформација во Крис Џенер, постот на Твитер беше споделен од Ким Кардашијан, која напиша:

„Ова е чист талент!“

На следната страна погледнете повеќе фотографии од трансформациите на неговите клиенти...



Би можело да ве интересира:

Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...
Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
„Се женам со Зорана за да ја обезбедам материјално, не сакам ќерка ѝ да ме вика тато“ - Саша Ковачев... „Знам дека на секоја жена ѝ е сон да се омажи и тоа е, една од причините што вле...
Стефан од Белград „издоминира“ со розови слип гаќички во Survivor - Оженет е за убавица од Шведска Еден од највпечатливите (и најнаметливи) натпреварувачи во српско-хрватско издан...
Дара Бубамара со гаф во „Ѕвездите на Гранд“: „Ми личиш на Северина“ - ѝ рече на бившата снаа на Кеба... Видеото од непријатната ситуација е хит на Инстаграм: „Мене ми беше одлична, ама...

Најчитани неделава