Се појави во спот на Саша Ковачевиќ, имаше афера со српски фудбалер – Дејана Живковиќ е една од најубавите Србинки

Во моментов објавува фотографии додека е во осмиот месец од бременоста, во минатото се појави во спот на Саша Ковачевиќ, а имаше јавна афера со познат српски фудбалер. Која е атрактивната српска манекенка Дејана Живковиќ?

se-pojavi-vo-spot-na-sasha-kovachevikj-imashe-afera-so-srpski-fudbaler-koja-e-dejana-zhivkovikj-01.jpg

Српската манекенка Дејана Живковиќ (29) во моментов е во осмиот месец од бременоста и редовно објавува фотографии на социјалните мрежи на кои позира со трудничкиот стомак, а неретко ја нарекуваат една од најубавите српски трудници.

Таа откри дека заедно со нејзиниот сопруг, бизнисменот Филип Симовиќ (29), на детето планираат да му го дадат името Лав, затоа што на англиски јазик неговото име ќе значи „љубов“.

Во 2011-та година Дејана стекна поголема слава откако учествуваше во шоуто Prvi srpski top model, но по големиот број критики од жирито беше исфрлена заради иритирачкото однесување.

Истата година Дејана се појави во видео-спотот за песната E moja ti на Дарко Радовановиќ, а тешко ја поднесе смртта на пејачот кој почина во 36-тата година од животот во тешка сообраќајна несреќа.

https://www.youtube.com/watch?v=nkOEoqUbLIA

Убавата српска манекенка понатаму оствари соработка со модни агенции во Виена и Милано, а се појави и на насловната страна на италијанскиот Vogue. Во 2014-та година играше во спотот за песната Mogli smo sve на Саша Ковачевиќ, по што ѝ се укажа прилика да работи и во Њујорк.

За Дејана се поврзуваат повеќе скандали, а најпозната е аферата со српскиот голман Владимир Стојковиќ со кого беше во јавна врска додека тој беше во брак со сопругата Бојана Стојковиќ со која има три деца.

Српските медиуми ја обвинуваа дека е виновна за распадот на бракот на Стојковиќ што таа отворено го демантираше.

Во текот на изминатите години ја поврзувале со повеќе мажи од Србија, а нејзиниот брат Милош е во брак со Андреа Оџаклиевска, ќерката на познатата пејачка Маја Оџаклиевска.

Дејана во моментов е во брак со Филип Симовиќ, бизнисмен и син на Драган Симовиќ (советник на српскиот политичар Ивица Дачиќ). Таа тајно се венча со него во февруари годинава, а во моментов го очекуваат нивното прво дете.

На следната страна погледнете повеќе фотографии од Дејана.



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Саша Ковачевиќ (40) за фит формата: „Се случува повеќе од половина година да не изедам ни коцка чоко... Саша пие само вода и лимонада, додека бело вино си дозволува само кога има наста...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Српска водителка со исповед: „Пред 12 години, на Бадник, лежев во болница и се молев на Бога за опер... Снежана Дакиќ имала комплексна интервенција на мозочните крвни садови во Германи...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Саша Ковачевиќ ќе стане татко, неговата свршеница Зорана е бремена со второ дете Парот се сврши во октомври 2025, а Саша постојано истакнува дека би сакал да има...

Најчитани неделава