Странец во Србија стана вирален хит со прашањето како се користи бојлер - Србите му даваат смешни упатства

„Во Србија сум, ако може некој да ми објасни како работи ова, веќе е 1 часот по полноќ и сакам да се истуширам, но водата е ладна и уредов не прави ништо...“ - се пожалил турист на Редит со фотка од бојлер, а добива низа смешни одговори од типот: „Вклучи го и чекај до 2 часот, или до 3 ако даде Бог...“

srbite-so-smeshni-upatstva-za-stranec-shto-prashuva-kako-se-koristi-bojler-nie-zaostanati-a-toj-ne-znae-da-se-istushira-01.jpg

Во нашите домови бојлерот е вообичаен уред што го има во речиси сите бањи, но еден странски турист во Србија имал вистинска мака со тоа како да добие топла вода за туширање. Тој побара помош на социјалните мрежи, а одговорите на Србите ќе ве насмеат до солзи.

Еден корисник на социјалната мрежа Reddit објави пост во кој стави фотографија од бојлер, а над неа напиша:

„Ве молам некој нека ми помогне и да ми објасни како работи ова, веќе е 1 часот по полноќ и сакам да се истуширам, но водата е студена и уредов не прави ништо“.

Очекувано, ова прашање предизвика низа коментари на социјалната мрежа. Додека некои корисници го сфатија сериозно и му појаснија како се користи бојлерот (детално), други ја искористија можноста да се пошегуваат на негова сметка.

Погледнете некои од коментарите:

- „Зошто мене ми е толку смешно?“

- „Можеби затоа што човекот не знае да користи бојлер?“

- „Во Америка не се користи бојлер, нема прекинувач, нема ништо, бојлерот е поврзан на струјното коло и има свој осигурувач.

Кога еднаш ќе се програмира така останува до последниот ден, мислам и дека тие воопшто и не виделе бојлер освен ако купат нов за да го заменат стариот.

Имате бојлер на струја и бојлер на гас. За Американците ние сме во 19-иот век што се однесува до начинот на живот. За жал“ – појаснува еден корисник.

- „Ние во 19-ти век, а тој не знае да се истушира?“ – прашува друг.

srbite-so-smeshni-upatstva-za-stranec-shto-prashuva-kako-se-koristi-bojler-nie-zaostanati-a-toj-ne-znae-da-se-istushira-02.jpg

- „Притисни го копчето за да го вклучиш“

- „И чекај до 2“

- „Или до 3 ако даде Бог“ – се шегуваат други корисници.

srbite-so-smeshni-upatstva-za-stranec-shto-prashuva-kako-se-koristi-bojler-nie-zaostanati-a-toj-ne-znae-da-se-istushira-03.jpg

„Ова е најнов модел, сѐ уште нема упатство на англиски, не стигнале да го преведат.“

srbite-so-smeshni-upatstva-za-stranec-shto-prashuva-kako-se-koristi-bojler-nie-zaostanati-a-toj-ne-znae-da-se-istushira-04.jpg

Секако, овие упатства продолжија и во бурна дискусија за тоа дали треба или не треба да се тушираш со вклучен бојлер, кога треба да се полни, колку чини струјата на скапа, а колку за време на евтина тарифа итн.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Роди 3 деца, изгледа како од модна писта – Сања Кужет (42) ужива во одморот без грам шминка, пред да... „Најдебела бев во бременoст, се здебелив 18kg, ама за 6 месеци се вратив во лини...
Се огласи Ѓоле Џогани по вестите за развод со Весна + Каков имот поседува парот? По веста дека Ѓоле се иселил од семејниот стан во кој останала Весна со децата, ...
Се сврте кон верата, чудни напливи на емоции – Што прави бившиот сопруг на Марија Микиќ откако се вр... Ги носи децата во црква, околу вратот носи крст, почна да работи како менаџер на...
Азис објави прва фотка од сопругот, откако се омажи во САД и ги покажа бурмите Азис зад себе има еден истополов брак во Бугарија, но тој не е признат со законо...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...

Најчитани неделава