Кој е познатиот српски фудбалер со кого романтично ја поврзуваат Анастасија Ражнатовиќ?

Само 2 месеци по разделбата со бизнисменот Ѓорѓе Кулиќ, Aнастасија Ражнатовиќ ја поврзуваат со познатиот српски фудбалер Немања Гудељ (30). Таа периодов престојува во Севиља, местото каде живее и работи Гудељ.

koj-e-poznatiot-srpski-fudbaler-so-kogo-romantichno-ja-povrzuvaat-anastasija-razhnatovikj-01.jpg

Aнастасија Ражнатовиќ (23) пред 2 месеци се раздели со бизнисменот Ѓорѓе Кулиќ, со кого 5 години беше во врска, а извесен период дури и живееја заедно во луксузен стан-дуплекс во Белград, а сега српските медиуми романтично ја поврзуваат со познат српски фудбалер.

Станува збор за Немања Гудељ, кој е е роден 1991 година во Белград, а сега поради работните ангажмани живее во Шпанија.

Во хороскоп е Скорпија, а висок е 183 сантиметри. Се претпоставува дека поради успесите на поле кариера неговото богатство значително пораснало во 2020/2021 година.

Тој има потпишано договор со фудбалскиот клуб Севиља во 2019-та година и оттогаш игра таму.

Инаку градот Севиља се наоѓа на југот од Шпанија и е главен град на покраината Андалузија.

Прочитајте и 10 причини зошто да ја посетите Севиља

На својот Инстаграм профил Гудељ има повеќе од 1.5 милиони следбеници, а не пропушта со емотивни фотографии и описи да им честита роденден на најсаканите дами во неговиот живот – неговите мајка и сестра.

Неговата мајка Оливера:

Неговата сестра Вања:

Периодов Анастасија престојува токму во Севиља, а доказ за тоа се фотографиите што ги објавува на Инстаграм Стори.

Дали навистина пејачката е во врска со фудбалерот Немања Гудељ останува да видиме...

koj-e-poznatiot-srpski-fudbaler-so-kogo-romantichno-ja-povrzuvaat-anastasija-razhnatovikj-02.jpg

koj-e-poznatiot-srpski-fudbaler-so-kogo-romantichno-ja-povrzuvaat-anastasija-razhnatovikj-03.jpg

koj-e-poznatiot-srpski-fudbaler-so-kogo-romantichno-ja-povrzuvaat-anastasija-razhnatovikj-04.jpg

По разделбата со поранешниот партнер Ѓорѓе, Анастасија изјави:

„Тој е прекрасна личност и навистина од срце му посакувам прекрасен живот и иднина. Јас сум секогаш отворена за љубов и убави емоции. За мене љубовта е најубавата работа на светот.“

Прочитајте и Анастасија Ражнатовиќ, по 5 години врска и стан од 750.00 евра, се раздели со партнерот: „Му посакувам сè најдобро“

Повеќе фотографии од Немања Гудељ на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Анастасија Ражнатовиќ и сопругот како од модно списание, а таа го возвишува: „Ти си сè што една жена... „Те молам прости ми, не можам да престанам да те сакам... Ти си сè она што една ...
Српски модел, со светска кариера, постојано јавно разменува нежности со девојката (фото) Сандра Кариќ е прекрасна русокоса и сон на многу мажи, но таа веќе 5 години е во...
„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Анастасија Ражнатовиќ (28) со видео качена на грб кај Гудељ прослави 3 години брак, доби син - Која ... „Таа ми е најдобра другарка. Таа ќе ми биде и кума на свадбата. За неа ништо не ...
Ѕирнете во домот на Анастасија Ражнатовиќ и Гудељ во Севиља – луксузно опремена вила од 6 милиони ев... „Целата вила е во стакло, што посебно им се допадна. Пространа е, а од дневната ...
Анастасија Ражнатовиќ објави моменти од бременоста што ја криеше и прва фотка со бебенцето Една недела откако се породи, Анастасија објави труднички фотки – со сопругот го...

Најчитани неделава