„Преслаба си, додај некое кило за да бидеш бомба“ - Наташа Беквалац мета на критики по фотките во костим за капење

„Ти фалат уште 5 килограми и ќе бидеш бомба, ова е класична фотошопирана слика“ – стои во дел од коментарите до фотографијата што Наташа Беквалац ја објави на својот Инстаграм профил.

natasha-bekvalac-meta-na-kritiki-otkako-objavi-fotki-od-odmor-ti-fali-da-se-zdebelish-5-kilogrami-01.jpg

Српската пејачка Наташа Беквалац беше на одмор во Црна Гора во луксузен хотел од каде редовно објавуваше фотографии на кои го покажа своето совршено тело.

Додека едни сметаат дека е најубавата жена на српската естрада, други ја обвинија за лош Фотошоп, или пак ја советуваа дека треба да се здебели.

„Кои се вашите желби за ова лето? Јас би сакала да го завршам албумот, а другото не смеам да ви го кажам... Можеби за месец-два... Овие денови ме пазат како никогаш досега, се плашам дека ќе ми се допадне“ – напиша Наташа до фотографијата.

Сепак, иако многумина дадоа позитивни коментари за нејзиниот изглед во белиот костум за капење, некои од нејзините следбеници сметаат дека таа користела Фотошоп за да ги направи нозете да ѝ изгледаат подолго, а други велат дека е премногу слаба.

„Колкави нозе. Како да има 180cm“, „Класична фотошопирана слика“, „Нато, да не порасна?“, „Преубава си, но многу си слаба. Ти фалат 5 килограми и ќе бидеш бомба“, „Фрли некое килце, ова не е во ред“ – стои во коментарите.

Инаку, „новосадската барбика“ како што уште ја нарекуваат познатата српска пејачка е висока околу 170cm, а пред една година им објави војна на пороците и самата откри дека во периодот кога имала огромна желба за цигара често знаела да оди до ладилникот и да почне да јаде.

Што мислите вие, дали е преслаба или згодна? Погледнете повеќе нови фотографии од неа:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа Беквалац блеска на море во Црна Гора, без грам шминка, со сестра си - не се знае која е позго... „Можеби само ти треба поинаков воздух. Отсекогаш сонував за живот покрај море и ...
Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Наташа Беквалац искрено за бившите: „Би му се вратила на Данило ако морам, а најмногу го повредив вт... „Не се радувам на ниту еден развод но драго ми е што сме изедначени“ – се пошегу...
Наташа Беквалац без влакна на јазик: „Би била интимна со Саша Ковачевиќ, да не му ја познавам сопруг... „Ако на Саша Ковачевиќ не му ја познавав жената, можеби евентуално би одбрала се...
Само Наташа Беквалац може вака да честита роденден: „Tи испаднало ‘стомачиштето’, ми ја уништуваш ка... „Тeмата љубов одамна не е присутна во мојот живот, немам поим ни што треба да им...
Хрватска пејачка со апел: „Жената не треба да му биде роб на мажот, и на децата - нема мама е мама, ... „Јас самата сум си секогаш приоритет. Ако сум ненаспана, нервозна или уморна, то...

Најчитани неделава