Факти за турскиот актер кој го игра „добриот доктор“ со аутизам – се поистоветува со ликот, сопругата му потекнува од Југославија

Кај македонската публика е познат како докторот Али Вефа од турската серија „Добриот доктор“, кој страда од савант синдром и аутизам. Освен што ја освои публиката на Балканот, турската серија е мошне популарна и во Јужна (Латинска) Америка – што знаеме за Танер Олмез?

tatko-mu-bil-mesar-zhena-mu-poteknuva-od-poraneshna-jugoslavija-fakti-za-turskiot-akter-taner-olmez-koj-go-igra-dobriot-doktor-01.jpg

Ликот во серијата, Али Вефа ја освои и македонската публика со својата тажна приказна. Станува збор за човек кој бил роден во провинциско место, а кога бил мал татко му го дал во сиропиталиште.

tatko-mu-bil-mesar-zhena-mu-poteknuva-od-poraneshna-jugoslavija-fakti-za-turskiot-akter-taner-olmez-koj-go-igra-dobriot-doktor-02.jpg

Заради савант синдромот, тоа значи дека Али од една страна е ментално под просекот, но затоа е генијалец на некое специфично подрачје, како што кај него тоа е случај со медицината. По завршувањето на медицинскиот факултет Али почнува да работи како помошник хирург во една приватна клиника.

tatko-mu-bil-mesar-zhena-mu-poteknuva-od-poraneshna-jugoslavija-fakti-za-turskiot-akter-taner-olmez-koj-go-igra-dobriot-doktor-04.jpg

Иако играл во повеќе други турски серии, актерот Танер е најпрепознатлив токму по оваа улога на Али, а благодарение на неа стана познат дури и во Аргентина, каде од минатата година почна да се емитува оваа серија.

Тој неодамна даде екслузивно интервју за тамошните медиуми каде појасни колку големо значење имала оваа улога за него.

/

Како што вели, откако почнал да ја игра оваа улога редовно му пристапувале родители на деца со аутизам кои имале само позитивни коментари.

„Тоа се случуваше постојано, од првиот ден. Серијата се емитуваше во четврток и следниот ден одев на снимање, еден човек со трчање ми пријде и ми рече дека има ќерка со аутизам и дека не му се верува дека говориме за таа тема на телевизија, од тие причини никогаш нема да ја заборавам улогата во ‘Добриот доктор’.

Ја завршив мојата работа како актер, што и вообичаено го правам, но ова донесе нешто повеќе, имаше позитивно влијание за голем број луѓе. Мислам дека направив нешто добро за многу луѓе“ – рече тој.

tatko-mu-bil-mesar-zhena-mu-poteknuva-od-poraneshna-jugoslavija-fakti-za-turskiot-akter-taner-olmez-koj-go-igra-dobriot-doktor-05.jpg

Танер вели дека дополнително ликот на докторот Али во голема мера имал некои допирни точки со него како човек, но не откри за што станува збор.

На следната страна да проследиме неколку интересни факти за актерот што ја освои светската публика...



Би можело да ве интересира:

Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата б... Актерката Маријана Микулиќ од серијата Lud, zbunjen, normalan има три сина ...
Марија Шерифовиќ ужива на Бали со синот – мајка ѝ Верица го донесе сама со авион, таа не сака да се ... Марија подолг период уживаше сама на Бали, а пред неколку дена откри дека мајка ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Лепа Брена има јахта од 6.000.000€, Владо Георгиев платил 100.000€ за својот крузер - Скапите пловил... Брена и Боба имаат две јахти - ја купиле поголемата јахта за 6 милиони евра, а с...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...

Најчитани неделава