Бекамови одмораат во Хрватска – Која е австриската грофица на која ѝ бил подарен луксузниот ресорт на островот Лопуд?

Некогаш бил напуштен и руиниран манастир, а денес е луксузен ресорт каде едно ноќевање чини 1.400 долари. Како австриската грофица ја доби концесијата над манастирот како подарок и денес од него претвори луксузно место каде одмораат славни семејства како Бекамови?

bekamovi-odmoraat-vo-hrvatska-koja-e-avstriskata-grofica-na-koja-i-bil-podaren-luksuzniot-resort-na-ostrovot-lopud-01.jpg

Луксузниот ресорт на островот Лопуд каде престојуваат Бекамови, некогаш бил манастир, а денес е прибежиште за славните и богатите кои сакаат да одморат подалеку од будните очи на фотографите. Но, која е жената што го претворила руинираниот манастир во луксузен хотел?

По посетата на Париз и Венеција, Дејвид и Викторија Бекам деновиве се во Хрватска каде уживаат во одморот на луксузното одморалиште сместено на островот Лопуд, а кое е во сопственост на грофицата Франческа фон Хабсбург.

Островот Лопуд е сместен во Јадранското Море и е на оддалеченост од 9km од Дубровник, а до него може да се стигне со помош на траект или приватно бродче.

Славниот пар деновиве во Хрватска го прослави 11-иот роденден на ќерката Харпер, а засега се обидуваат максимално да ја сочуваат својата приватност и да ги избегнат папараци фотографите.

Според информациите достапни во хрватските медиуми цената во овој ресорт е 1.400 американски долари по вечер, а наемот за 10 лица чини 10.000 долари по вечер, што значи дека Бекамови за овој одмор во Хрватска ќе одвојат мало богатство.

Но, која е жената што го управува овој луксузен ресорт и како тој дошол во нејзина сопственост?

Франческа вон Хабсбург е австриска актерка и продуцентка, која во периодот од 1993-та година со 2003-та година била во брак со внукот на последниот австриски цар Карл фон Хабсбург.

bekamovi-odmoraat-vo-hrvatska-koja-e-avstriskata-grofica-na-koja-i-bil-podaren-luksuzniot-resort-na-ostrovot-lopud-02.jpg

Франческа и Карл заедно имаат 3 деца, синот Фердинанд, кој е познат возач во Формула 1, и ќерките Елеонора и Глорија.

bekamovi-odmoraat-vo-hrvatska-koja-e-avstriskata-grofica-na-koja-i-bil-podaren-luksuzniot-resort-na-ostrovot-lopud-04.jpg

Семејството често летувало во Хрватска, а во 1997-ма година Франческа ја добила концесијата над манастирот на хрватскиот остров Лопуд во благодарност за нејзината дејност во обновувањето на дубровачкото културно наследство што била уништена за време на хрватската војна за независност во 90-тите години.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Хрватска старлета обвинета дека си „направи“ дечко со AI - таа го покажа и вели: „Ме запроси“ „Се запознавме случајно. И не кријам дека бил во затвор, му подметнале дрога“, р...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
„Најубавата земја во Европа“ - Турист објави видео од раскошна вила во Хрватска, каде плаќа 2.500 ев... „Нема шанси Хрватска да е меѓу топ 5 европски дестинации“, „Преценета е“... Се д...
Еди од Хрватска за животот со ХИВ: „Станав коска и кожа, се отвораа рани, имав СИДА, но решив да се ... „Не влегов во тој однос без заштита, тоа можам да го кажам. но, се случи“, вели ...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...

Најчитани неделава