Жителите на Лесковац гневни: „Собираме 20.000 евра за Јелена Карлеуша да не пее во нашиот град“

„Бараме 20.000 жители подготвени да донираат по едно евро, за да ѝ платиме на Јелена Карлеуша да не пее во нашиот град“ – велат жителите на Лесковац, откако беше најавено дека српската поп-дива треба да ја отвори годинешната манифестација „Роштилијада“.

zhitelite-na-leskovac-gnevni-sobirame-20-000-evra-za-jelena-karleusha-da-ne-pee-vo-nashiot-grad-01.jpg

Во Лесковац, Србија од 22-ри до 28-ми август ќе се одржи традиционалната манифестација „Роштилијада“, а тамошните жители се противат на одлуката на општинските власти, настанот да го отвори Јелена Карлеуша, која за настапот побарала хонорар од 20.000 евра.

Луѓето укажуваат на парадоксот за тоа дека пејачката, која важи за еден од најгласните борци за животински права, сака да настапи на фестивалот каде се печат и сервираат специјалитети од месо.

Како што пренесува порталот Јужне Вести, дел од граѓаните почнале да собираат донации за да ѝ платат и така да го спречат нејзиниот настап.

zhitelite-na-leskovac-gnevni-sobirame-20-000-evra-za-jelena-karleusha-da-ne-pee-vo-nashiot-grad-02.jpgфото: depositphotos.com

Граѓаните сметаат дека овој настан би требало да изгледа поинаку, покултурно и поквалитетно во сите сегменти, па и во однос на изборот на изведувачи.

„Почнавме акција за да најдеме 20.000 жители на Лесковац кои се подготвени да дадат по едно, две, три или повеќе евра (до постигнување на висината на официјалниот хонорар за настап, па и повеќе, ако треба) за да собереме доволно средства за хонорарот што ќе ѝ го понудиме на Дивата за да не пее во центарот на нашиот град“ – се вели во соопштението, што го пренесува порталот.

Оттаму додаваат дека, ако Карлеуша ги одбие парите, тогаш сите собрани средства ќе ги донираат во хуманитарни цели.

Инаку, жителите на Лесковац минатата година исто така собираа потписи и бараа наместо да се плати висок хонорар на Цеца Ражнатовиќ за настапот на Роштилијадата, тие пари да се донираат во добротворни цели.

Сепак, Цеца во 2021-ва година пееше во центарот на Лесковац, и ја отвори Роштилијадата.

Годинава пак, освен Јелена Карлеуша се очекува да настапат и Драгана Мирковиќ, Рибља Чорба и Весна Змијанац.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Цеца носела пиштол со себе - Детали за убиството на Аркан пред 26 години „Некои жени ми бранеа да излезам од бутикот, а Ѕвонко врескаше: ‘Командантот е у...
Јелена Карлеуша за мигрените: „Би сакала барем еден ден во животот да не ме боли глава“ „Без лекови против болка не можам. Имам постојани мигрени и болката е нешто со к...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Цеца за животот како млада девојка: „Кај маж ми бев принцеза, кај мајка ми морав да готвам и да чист... „На мајка ми ѝ велев, Боже кога ќе се омажам, има слуги да ме служат, само да не...

Најчитани неделава