„Одиш во Грција на море за да собираш сено“ – Коментари за видео во кое македонски и српски туристи сами ја чистат плажата (видео)

„Водата вообичаено е чиста, но денес од некоја причина кога излеговме на плажа имаше многу треви“ – вели во коментар една од туристките што се затекнале на плажата во Неа Каликратија, каде македонски и српски туристи сами ги собирале тревите на плажата.

odish-na-more-za-da-sobirash-seno-komentari-za-video-vo-koe-makedonski-i-srpski-turisti-vo-grcija-sami-ja-chistat-plazhata-video-01.jpg

На Фејсбук страната „Грчка Инфо“ е објавено видео на кое се гледа како македонските и српските туристи што се затекнале на плажата во Неа Каликратија одлучиле со заеднички сили да ја извадат тревата насобрана на брегот и да си направат простор за капење.

„Неа Каликратија. Македонско - Српска работна акција“ – стои во описот до видеото.

odish-na-more-za-da-sobirash-seno-komentari-za-video-vo-koe-makedonski-i-srpski-turisti-vo-grcija-sami-ja-chistat-plazhata-video-03.jpg

Видеото погледнете го на следниот линк.

Под него има најразлични коментари. Додека некои од оние што го погледнале сметаат дека ова бил одличен начин за дружење помеѓу присутните на плажата, други сметаат дека ова е работа за домаќините, а не за гостите.

„Понесете вила следниот пат“, „Одиш на море да собираш сено“, „Ова не е работа за гостите, туку за домаќините. Исто како што кај нас, комуналното претпријатие ги чисти лисјата во есен во парковите и на тротоарите. И ние така една година собравме два големи купа и никој не ги однесе со денови. Плимата врати сè во морето, па по неколку дена, кренавме раце. Не исфрла морето толку многу трева, туку никој не чисти, никогаш“ – стои во дел од коментарите под видеото.

odish-na-more-za-da-sobirash-seno-komentari-za-video-vo-koe-makedonski-i-srpski-turisti-vo-grcija-sami-ja-chistat-plazhata-video-02.jpg.jpg

Што мислите вие? Дали е ова за поздрав или за осуда? Кој треба  да обезбеди чиста плажа – гостите или домаќините?

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
„Секоја чест“ - Српски пејач позираше со бившата и сегашната сопруга и децата од двата брака „Секоја чест“, „Браво, ова не може секој да го направи“, „Колку е убаво да се ви...
Плажата е преполна со луѓе кои се бањаат, сезоната во Грција почна – Како изгледа Калитеа деновиве? ... Летната сезона на грчките плажи е официјално отворена – на Инстаграм кружи видео...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...

Најчитани неделава