Дуа Липа во секси издание пред публиката во Косово – Кои светски ѕвезди настапија на „Sunny Hill Festival“ во Приштина?

Овој викенд, центарот на сите случувања на Балканот е во Приштина, каде од 4 до 7 август се одржува третото издание на „Sunny Hill Festival“!

publikata-na-sunny-hill-festival-so-ovacii-ja-precheka-dua-lipa-foto-01.jpg

Оваа година, за разлика од претходните неколку години, се најавени големи светски ѕвезди со свои настапи. Покрај Дуа Липа, која настапува пред домашна публика по пауза од неколку години, и која воедно го отвара овогодинешното издание на фестивалот, најавени се настапи и на Mahmood (двојниот претставник на Италија на Евровизија), JBalvin, Skepta, Diplo, Regard и многу други!

publikata-na-sunny-hill-festival-so-ovacii-ja-precheka-dua-lipa-foto-02.jpeg

Со затворањето на вратите во 22 часот, на 4 Август, полека но сигурно се најавуваше огромниот спектакл кој сите долго го очекуваа. По настапот на одличната Елвана Џата, која ја размрда публиката веќе се беше подготвено на сцената да завладее Дуа Липа.

Точно во 00:15 часот со првите тактови од „Physical“ на сцената во Гермија парк (местото каде се одржува оваа година фестивалот) се појави Дуа Липа во креација на модната куќа Valentino, а публиката ја дочека со овации и во еден глас со неа ги пееше стиховите од овој светски хит.

publikata-na-sunny-hill-festival-so-ovacii-ja-precheka-dua-lipa-foto-03.jpeg

Извонредно уиграни, Дуа Липа со нејзиниот бенд, танчери и пратечки вокали приредија шоу кое долго ќе се памти. Извонредно мотивирана со настап пред домашната публика, Дуа Липа изгледаше и звучеше неверојатно и уште еднаш покажа и докажа зошто е една од најголемите светски ѕвезди во моментов.

publikata-na-sunny-hill-festival-so-ovacii-ja-precheka-dua-lipa-foto-04.jpeg

Во текот на настапот, Дуа Липа ги испеа нејзините најголеми хитови, и со тоа направи извонредно добра атмосфера, а публиката заедно со неа танцуваше и пееше во ритамот на хитовите како „Levitating“, „Hallucinate“, „Love Again“, „IDGAF“, „New rules“, „One kiss“, се до последната песна „Don’t start now“, каде со сино – жолти конфети во боите на знамето на Косово, Дуа Липа го заврши нејзиниот настап.

Сите оние кои го пропуштија овогодинешното издание на „Sunny Hill Festival“ во Приштина, имаат шанса кон крајот на август во Тирана да присуствуваат на следниот фестивал, каде ќе се најавени голем број изведувачи, меѓу кои и неколку светски ѕвезди.

publikata-na-sunny-hill-festival-so-ovacii-ja-precheka-dua-lipa-foto-05.jpeg

„Sunny Hill Festival“ има сериозна намера да се наметне како еден од најголемите фестивали во регионот, промовирајќи популарна музика од светски ранг и со тоа да влезе на мапата на фестивалите кои се задолжителни да ги посетите во текот на летото!

Повеќе фотографии во продолжение:

Би можело да ве интересира:

110.000€ за Здравко Чолиќ - Колку ќе заработат балканските ѕвезди за дочекот на 2026 година? Иако до дочекот на новата 2026-та година има повеќе од два месеца, многу балканс...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...
Се сврши Кија Коцкар - прстен од 10.500€, го крие партнерот „Сакам цвеќе и букети, па сега на раката имам цвет кој ќе трае малку подолго“, р...
Раста, за убавицата со која е 5 години во љубов, по Ана Николиќ: „Долго време ми требаше за да ја на... „Никогаш не ги генерализирав сите жени, иако имав развод и секогаш оставав прост...
Дара Бубамара со гаф во „Ѕвездите на Гранд“: „Ми личиш на Северина“ - ѝ рече на бившата снаа на Кеба... Видеото од непријатната ситуација е хит на Инстаграм: „Мене ми беше одлична, ама...

Најчитани неделава