Сестрата на Северина со нови обвиненија за пејачката: „Таа користи опојни супстанции, подготвена е да направи сè за пари, па и порно-филм“

„Северина е подготвена да направи сè за пари. Вклучена е во систем за перење пари, криеше накит за познат бизнисмен додека тој беше под истрага, а изгледа поисплатливо беше да сними порно филм“ – вели сестрата на Северина, Маријана. Таа вели дека пејачката е зависничка од супстанции и дека може да му наштети и на сопствениот син.

sestrata-na-severina-so-obvinenija-taa-e-narkomanka-podgotvena-da-napravi-se-za-pari-pa-i-porno-film-01.jpg

Сестрата на хрватската пејачка Северина Вучковиќ, деновиве е топ тема во балканските медиуми откако проговори за нивниот однос. Маријана Вучковиќ Поповиќ неодамна тврдеше дека Северина ја нападнала со остар предмет за време на расправија, а за српските медиуми говореше за тоа каква навистина е пејачката.

На 30-ти август беше објавено дека Северина е уапсена во Загреб, откако во расправија со остар предмет ја нападнала сестрата Маријана во присуство на нивната мајка.

Инцидентот се случил во домот на мајката на Северина, во 1 часот по полноќ. Наводно, по расправијата Северина си заминала, а нејзината сестра заминала во болница со повреди на главата и на грбот, а имала и повреди нанесени со остар предмет.

По објавувањето на веста за приведувањето на Северина, во хрватските медиуми се огласи мајката на пејачката Ана Вучковиќ. Таа застана во одбрана на Северина, па рече:

„Маријана се појави од никаде, се нафрли, не ѝ е првпат да ја пријави сестра ѝ во полиција“.

sestrata-na-severina-so-obvinenija-taa-e-narkomanka-podgotvena-da-napravi-se-za-pari-pa-i-porno-film-02.jpg.jpg

Од друга страна, пак, Маријана, сега дава своја исповед за српските медиуми, каде изнесе повеќе сериозни обвинувања против сестра ѝ.

„Таа е зависник од опојни супстанции, тоа треба да го знаете. На социјалните мрежи пишува: ‘љубовта со љубов се враќа’.  Каква љубов ѝ се враќа нејзе? Јас сум жртва и тоа ќе го докажат моите адвокати“ – рече Маријана.

 Сестрата на хрватската пејачка понатаму вели дека никогаш не ги поддржувала работите што Северина ги прави.

„Таа е во состојба да направи сè, ниту семејството, ниту синот, ниту мојата ќерка, ниту мајка ѝ не ѝ се свети. Да не си ѝ во кожа. Таа утре под дејство на опојни супстанции може да му наштети и на своето дете“ – вели Маријана и додава дека според неа хрватската пејачка под итно треба да оди на рехабилитација.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...

Најчитани неделава