Обожава да запее во кафеана, објавил конкурс за совршена жена според негови критериуми – факти за актерот Милан Васиќ

Се гордее со своето родно Косово, како дете бил доста срамежлив, но актерството го преобразило, обожава да запее во кафеана и сѐ уште е во потрага по „вистинската“ – што знаеме за актерот Милан Васиќ?!

Obozhava-da-zapee-vo-kafeana-objavil-konkurs-za-sovrshena-zhena-spored-negovi-kriteriumi-fakti-za-akterot-Milan-Vasikj 01 630x330.jpg

Милан Васиќ е телевизиски, филмски и театарски актер со голем број улоги со кои непрекинато ја проширува својата популарност, не само во Србија туку и надвор од нејзините граници.

Роден е на 31 јануари 1979 година во малото село Ропотово, кај Косовска Каменица. Во Приштина се запишал на Театарската академија кај професорот Светозар Рапајиќ, но дипломирал во Врање.

Мегапопуларната претстава „Певај брате“ во која глуми со своите колеги Милан Калиниќ и Андрија Милошевиќ го разоткри неговиот талент за комедии, па непосредно по неа беше снимена и серија која ги сруши сите рекорди на гледаност.

Во продолжение повеќе факти за животот на Милан Васиќ:

Израснал во големо семејство, со својата мајка Оливера, таткото Љубомир и двете сестри Милена и Тамара

Пред да заплива во актерските води, Милан извесно време се занимавал со ракомет и бил дел од фолклорен ансамбл. Сепак, со оглед на тоа дека актерството му била и сè уште му е најголема љубов, набргу по танцувањето започнал да глуми.

На иницијатива на учителката од основно училиште се запишал на Факултетот за драмски уметности во Приштина

Во младоста бил многу срамежлив и повлечен, но актерството сосема го преобразило.

Филмот „Коњи врани“ го означува почетокот на неговата голема актерска кариера, но сепак најголема популарност Васиќ стекнал во серијата „Јесен стиже Дуњо моја“

Во 2005 година дневниот весник „Политика“ го прогласи за лице на годината

Покрај тоа што е маестрален актер, Милан е одличен пејач

Неретко, актерот можеме да го видиме и во пејачка улога, како на пример во филмовите: „Мирис кише на Балкану“, „Неспоразум“, „Бледи месец Сава Лаџарски“.

Исто така, Милан обожава да „се фати“ за микрофонот и во кафеана, а неговите најблиски велат дека е вистински шоу-мен. Омилена песна на која секогаш станува е: „Ово је прича о нама“.

Во 2017 година ја добива главната улога во долгоочекуваниот продолжеток на „Зона Замфирова“

За бројните љубовни сцени Милан вели:

„Многу е поубаво да се гледаат љубовни сцени отколку да се снимаат. За мене тоа е еден од подосадните делови од снимањето. Сето тоа изгледа одлично на ТВ, а вака кога снимате со 15 луѓе во соба, а режисерот ве движи наоколу... Едноставно, нема ништо романтично во тоа“.

Иако денес живее во Белград, Милан се гордее со своето косовско потекло

Тој неколкупати изјавил дека размислува да се врати во својот роден крај и дека Косово засекогаш ќе зазема голем дел од неговата душа.

Својот приватен живот вешто го крие од очите на јавноста

Засега се знае дека Васиќ не е во љубовна врска, но тој во неколку наврати изјавил дека се надева на што поскора средба со „вистинската“ со која ќе оформи семејство.

Често се шегува дека јавно објавил конкурс за пронаоѓање на совршена жена според неговите критериуми, а во кругот на неговите најблиски сѐ уште се зборува дека тој конкурс навистина постои.

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Милан Калиниќ на ќерката убавица ѝ прослави 18-ти роденден, со бившата сопруга: „Горд сум на потенци... „Ти си мојата најголема радост, гордост и најубава животна приказна“, емотивно н...
Српска пејачка со исповед: „Татко ми бил прогласен за мртов и однесен во мртовечница - некој таму сл... „Претпоставувам дека пријателот на тато кој возел заспал, не ги знам точните дет...
Милан Мариќ повторно во геј сцена, овој пат со Андрија Милошевиќ: „Најсмешен е на снимање“ „Бевме малку нервозни, но за нас интимните сцени не се табу“ – рече своевремено ...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Поради наркотици го изгуби семејството, заврши во затвор - Тешкиот живот на актерот Бане Видаковиќ „Се откажував долго време, без никакви лекови. Се мачев, лежев кај мојата к...
Јелена Карлеуша по долго време заедно со татко ѝ, кој ја напуштил додека била мала - Во каков однос ... Драган, таткото на Карлеуша има уште две деца, а Јелена нив никогаш не ги спомну...

Најчитани неделава