Се развела заради Киванч Татлитуг, шпекулации за обид за самоубиство – Каде е и што прави актерката од „Ѓумуш“, Сонѓул Оден? (фото)

По провокативните фотки на кои беше заедно со колегата Киванч Татлитуг, нејзиниот тогашен сопруг излезе во медиумите и тврдеше дека таа го изневерува. Била под голем притисок додека играла со најубавиот турски актер – факти за Сонѓул Еден, актерката која играше во турската серија „Ѓумуш“.

se-razvela-zaradi-kivanch-tatlitug-shpekulacii-za-obid-za-samoubistvo-kade-e-i-shto-pravi-akterkata-od-gjumush-songjul-oden-foto-01.jpg

Македонската публика ја помни по улогата на убавата Ѓумуш во истоимената турска серија од 2005-та година, што се емитуваше пред десетина години и кај нас, а оттогаш па наваму актерката Сонѓул Оден играла во поголем број театарски и филмски проекти.

Позната е и по тоа што играше во турската верзија на серијата „Очајни домаќинки“, играше и во серијата „Сарајот на Серџе“, што исто така се емитуваше и кај нас, а на приватен план отворено говори и за сопствените проблеми со менталното здравје.

Сонѓул е родена во 1979-та година во Дијабакир и е турска актерка со курдско (Заза) потекло, односно тоа е население што живее во источна Турција, а говори ирански јазик кој се пишува со латиница.

Основното и средното образование го завршила во Анкара, а таму се запишува и на Факултет за драмски уметности. По завршувањето на образованието играла во повеќе театарски претстави, а на малите екрани иако почнала да се појавува уште во 1999-та година, најголема слава ќе доживее со серијата „Ѓумуш“.

se-razvela-zaradi-kivanch-tatlitug-shpekulacii-za-obid-za-samoubistvo-kade-e-i-shto-pravi-akterkata-od-gjumush-songjul-oden-foto-02.jpg

Таа неодамна отворено говореше за периодот кога ја снимала серијата „Ѓумуш“, па рече дека постојано била под психолошки притисок затоа што публиката сметала дека таа не е е доволно убава за да снима заедно со турскиот Бред Пит, Киванч Татлитуг.

„Ме критикуваа дека не му одговарам на Киванч, дека изгледам повозрасно од него и бев тажна заради тоа. Луѓето беа немилосрдни“ – вели таа и додава дека со текот на годините научила да не размислува премногу за тоа што зборуваат луѓето.

se-razvela-zaradi-kivanch-tatlitug-shpekulacii-za-obid-za-samoubistvo-kade-e-i-shto-pravi-akterkata-od-gjumush-songjul-oden-foto-03.jpg

Во 2007-ма година во турските медиуми се појавија фотографии од снимањето на Шри Ланка на Киванч Татлитуг и Сонѓул Оден и набрзо потоа почнаа шпекулациите дека актерката која веќе беше во брак со Џанберк Учуџу има афера со колегата.

se-razvela-zaradi-kivanch-tatlitug-shpekulacii-za-obid-za-samoubistvo-kade-e-i-shto-pravi-akterkata-od-gjumush-songjul-oden-foto-07.jpg

Киванч тврдеше дека тој е многу добар пријател со сопругот на актерката и дека фотографиите се пријателски, но набрзо потоа актерката се разведе, а турските медиуми ја пренесуваа изјавата на нејзиниот сопруг кој велеше дека подолго време страда од депресија и панични напади, а дека не ги поднел добро фотографиите од Шри Ланка. Според него Сонѓул со години имала афера со Киванч Татлитуг.

„Таа не доаѓаше со мене на лекар, не беше одговорна сопруга“ – тврдеше нејзиниот прв сопруг.

se-razvela-zaradi-kivanch-tatlitug-shpekulacii-za-obid-za-samoubistvo-kade-e-i-shto-pravi-akterkata-od-gjumush-songjul-oden-foto-06.jpg

По првиот брак, Сонѓул беше во долгогодишна афера со турскиот актер Керем Алишик, кој е 19 години повозрасен од неа. Тие биле заедно до 2016-та година, а наводно се разделиле затоа што актерката сакала да стапат во брак и да засноваат семејство.

se-razvela-zaradi-kivanch-tatlitug-shpekulacii-za-obid-za-samoubistvo-kade-e-i-shto-pravi-akterkata-od-gjumush-songjul-oden-foto-14.jpg

Во 2019-та актерката повторно се најде во таблоидите откако се шпекулираше дека таа посегнала по сопствениот живот, а откако ја нашле најблиските, веднаш ја пренеле во болница каде успеале да ја спасат. Актерката се огласи по повод овој настан па порача:

„Точно е дека имам големи психолошки проблеми, но никогаш не сум помислила на самоубиство, затоа што сум голем верник. Ќе ги надминам сите потешкотии благодарение на моите обожаватели, пријателите и семејството и безрезервната поддршка што тие ми ја даваат“.

se-razvela-zaradi-kivanch-tatlitug-shpekulacii-za-obid-za-samoubistvo-kade-e-i-shto-pravi-akterkata-od-gjumush-songjul-oden-foto-15.jpg

Во 2020-та година Сонѓул конечно ја најде љубовта, па се омажи по вторпат. Таа е во среќен брак со бизнисменот Арман Бичакчи, а неуморно работи на снимањето нови турски серии.

se-razvela-zaradi-kivanch-tatlitug-shpekulacii-za-obid-za-samoubistvo-kade-e-i-shto-pravi-akterkata-od-gjumush-songjul-oden-foto-16.jpg

На следната страна повеќе фотографии од актерката...



Би можело да ве интересира:

Ана Николиќ е балканската Бритни Спирс: „Очај, бес, крик... Можеби само сака(ше) некој нормално да ј... „Кога се појави Ана Николиќ пееше нежно. Со затворени очи. Никако налик на она п...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Аца Амадеус ја обвини сопругата дека имала афера со ученик, ќерката го нападна: „Тато ме тепаше, се ... Нов скандал на Аца од Амадеус бенд, откако лани откри дека се разведува од сопру...
Ѕирнете во домот на Дарко Лазиќ – портрет со сопругата, клавир, зелена оаза за смирување (фото) Среде дневна има голем портрет од Дарко и сопругата Катарина, преовладуваат дрво...
„Мораше“ - Сопругата го брани Дарко Лазиќ, кој повторно пее 2 седмици по смртта на брат му и стана м... „Прочитав коментари како ‘срам да ти е, не поминале ни 40 дена, а веќе пееш’. Са...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...

Најчитани неделава