Милан Мариќ искрен во целост: „Убавите жени ме вадат од колосек, без терапија нема да го издржам животното темпо“

„Луѓето што одат на психотерапија се сѐ уште стигматизирани, а дел од јавноста нѐ смета за лудаци што не можат да се изборат со животот, но тоа не е така. Според мене тоа е најдобрата инвестиција“ – вели во интервју српскиот актер Милан Мариќ. Тој откри дали планира да се ожени и какви девојки го привлекуваат.

milan-marikj-iskren-vo-celost-ubavite-zheni-me-vadat-od-kolosek-bez-terapija-nema-da-go-izdrzham-zhivotnoto-tempo-01.jpg

По улогата на Тома Здравковиќ во филмот „Тома“, Милан Мариќ важи за еден од најпознатите српски актери од помладата генерација.

Дополнително со улогите во ТВ сериите „Беса“ и „Државни службеник“ Мариќ денес ги краде воздишките на жените од Балканот, а честопати за него се врзува епитетот „белградски секс симбол“.

Актерот неодамна даде опширно интервју за хрватскиот магазин Gloria, каде говореше на повеќе теми.

Откри дека почнал да носи брада во факултетските денови, затоа што го мрзело да се бричи, а одговори на повеќе лични и интимни прашања.

На прашањето како го доживува тоа што е миленик кај женската публика, Милан без лажна скромност вели:

„Тоа е добро чувство, убава и слатка последица на мојата професија, но тоа на крајот е само фантазија и проекција на туѓите желби пред која не смеам да попуштам и да дозволам да ме заведе.“

Познат е по тоа што ретко говори за својот приватен живот, иако неодамна имаше шпекулации дека е во врска со ќерката на Драган Бјелогрлиќ, Миа, Милан овојпат беше целосно искрен па прокоментира и за тоа што е она што најмногу го привлекува кај жените, но и како се справува со секое раскинување:

„Во очите се гледа сѐ, па убавите жени ме вадат од колосек. Сакам силни, самосвесни жени со став, кои се подготвени да се изборат за себе. Сум добил корпа и сум давал, и тоа е за луѓе.

Секое раскинување е тешко затоа што означува прекинување на односите во кои сме вложиле енергија, време и голем дел од себе, но истовремено може да ве растовари и да ве ослободи ако односот се претвори во измачување“ – вели тој.

На прашањето дали за 10 години се гледа себеси како оженет човек со семејство и деца, Милан вели:

„Тој миг секако доаѓа, а кога ќе биде ќе видиме. Забележав дека во последно време ми се нудат исклучиво улоги на татковци со деца, така што тоа го толкувам како некој вид прикриена порака: ‘Ајде, ајде, време ти е...’“

Освен што се осврна на љубовниот живот, Мариќ отворено проговори и за тоа дека покрај големиот број обврски, нема премногу време за вежбање, но како што вели редовно наоѓа време за да оди на психолог и на терапија.

„Во ова претерано брзо животно темпо терапијата ми е неопходна за да се разберам себеси и светот во кој живеам. Зборувам за тоа затоа што кај нас луѓето што одат на терапија се сѐ уште стигматизирани, а дел од јавноста нѐ смета за лудаци што не можат да се изборат со животот, но тоа не е така.

Имам свој терапевт веќе 6 години и тоа според мене е најдобрата инвестиција. Затоа што за време на терапијата се соочив со своите стравови, трауми и фрустрации, ги анализирав и на крај се ослободив од нив“ – рече Милан.

Погледнете уште неколку негови фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Цеца Ражнатовиќ за домашниот притвор од 8 месеци: „Носев електронска алка, се изживуваа со мене“ Казната на Цеца ѝ беше една година домашен притвор, но дел од претходно издржана...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...
Милан Калиниќ на ќерката убавица ѝ прослави 18-ти роденден, со бившата сопруга: „Горд сум на потенци... „Ти си мојата најголема радост, гордост и најубава животна приказна“, емотивно н...
Се разведе од познат актер, тврди дека ѝ се додворуваат политичари - Што знаеме за водителката Бојан... „После разводот не бев толку позната, па полесно им беше да флертуваат. Ми носеа...
Милан Мариќ повторно во геј сцена, овој пат со Андрија Милошевиќ: „Најсмешен е на снимање“ „Бевме малку нервозни, но за нас интимните сцени не се табу“ – рече своевремено ...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...

Најчитани неделава