По бруталните видеа од тепање на деца во Србија, се огласи Наташа Беквалац: „Многу сум потресена“ (вознемирувачко)

„Многу сум потресена овие денови. Не можев да го догледам целото видео на злоставувањето на малото девојче, по неколку секунди повратив. Не можев да го погледнам целото видео од претепувањето на девојката на тениското игралиште, врескав...“, емотивно пишува Наташа Беквалац за двете видеа кои ја потресоа и згрозија Србија. СТОП за насилството врз деца!

po-brutalnite-videa-od-tepanje-na-deca-vo-srbija-se-oglasi-natasha-bekvalac-mnogu-sum-potresena-voznemiruvachko-01.jpg

Периодов Србија е згрозена од две видеа на кои родители брутално ги тепаат своите деца.

На едното мајка ја тепа својата 3-годишна ќерка, а на другото татко ја тепа својата ќерка тинејџерка на тениски терен.

За првото видео, таткото на девојчето се огласи во медиумите дека наводно е згрозен од однесувањето на неговата сорпуга, а девојчето им е одземено од социјалните служби додека да се испита случајот, а за второто видео се пишува дека станува збор за кинеско семејство кое живее во Србија.

Двете видеа ја потресоа јавноста и отворија многу прашања за злоставувањето на децата и нивна заштита.

По повод овие трагични настани, се огласи и пејачката Наташа Беквалац.

Наташа Беквалац објави фотографии со своите родители и напиша:

„Многу сум потресена овие денови. Ги прегрнувам и бакнувам своите деца посилно од кога било. Не можев да го догледам целото видео од злоставувањето на малото девојче, по неколку секунди повратив.

Не можев да го догледам целото видео од претепувањето на девојката на тениското игралиште, врескав.

Денес сум кај мајка ми и татко ми со децата и сфатив дека долго не сум ги видела и секогаш имам нешто поважно. А ништо не е поважно од семејството.

Некако после сè што видов овие денови имав потреба да одам во својата куќа, кај мама и тато во Нови Сад.

Ве молам пријавете злоставување на деца. Ве молам не молчете. Ве молам не дозволувајте ова да му се случува на некој покрај вас, а тоа вам да не ви биде проблем.

Ве молам и ве сакам. Никој не е слободен, ако сите не сме слободни. Никој не е заштитен, ако сите не сме заштитени.

Ретко објавувам фотографии од мајка ми и татко ми, затоа што не сакаат, но сега ги објавувам затоа што јас сакам. Мама и тато, ве сакам!“

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Наташа Беквалац (46) стана вирален хит со изјавата за љубовниот живот: „Состојбата е тага, горчина и... „Јас имам 46 години и тоа што порано го можев за 3 дена, сега не го можам за 3 н...
Наташа Беквалац блеска на море во Црна Гора, без грам шминка, со сестра си - не се знае која е позго... „Можеби само ти треба поинаков воздух. Отсекогаш сонував за живот покрај море и ...
Се огласи Ѓоле Џогани по вестите за развод со Весна + Каков имот поседува парот? По веста дека Ѓоле се иселил од семејниот стан во кој останала Весна со децата, ...
Наташа Беквалац искрено за бившите: „Би му се вратила на Данило ако морам, а најмногу го повредив вт... „Не се радувам на ниту еден развод но драго ми е што сме изедначени“ – се пошегу...
Наташа Беквалац без влакна на јазик: „Би била интимна со Саша Ковачевиќ, да не му ја познавам сопруг... „Ако на Саша Ковачевиќ не му ја познавав жената, можеби евентуално би одбрала се...
Јована Јеремиќ: „Многу жени свеќи треба да ми палат - им ги праќав мажите назад дома“ „Тој маж да знаел да ја усреќи својата жена, немаше да дојде кај тебе. Јас ги вр...

Најчитани неделава