Трансродна личност за првпат на сцената во „Ѕвездите на Гранд“ - исповед на Алина Јухарт од Словенија (фото+видео)

На сцената таа се појави како атрактивна жена во црн фустан, но со мажествен глас, Алино станал Алина и сега вели: „Мислам дека Србија и целиот регион мора да запознае жена како мене.“ Таа во интервју искрено проговори за својата транзиција oд Алино во Алина и како татко ѝ и брат ѝ ја прифатиле нејзината одлука...

transrodna-lichnost-za-prvpat-na-scenata-vo-shouto-dzvezdite-na-grand-ispoved-na-alina-juhart-od-slovenija-foto-video-01.jpg

Aлино односно сега Алина Јухарт (29) живее во Белград, а по потекло е од Марибор, Словенија, е првата трансродна личност која се појави на сцената на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Таа се претстави со песна од Марија Шерифовиќ, па од Амадеус Бенд, а нејзината пријателка, која ѝ беше поддршка зад сцената, изјави дека Алина иако е родена како момче, отсекогаш се чувствувала како женско.

transrodna-lichnost-za-prvpat-na-scenata-vo-shouto-dzvezdite-na-grand-ispoved-na-alina-juhart-od-slovenija-foto-video-05.jpg

Алина за својата изведба доби 6 гласа и ќе оди во наредниот круг од натпреварувањето.

„Мислам дека Србија и целиот регион мора да запознае жена како себе. Сакам да ја инспирирам секоја личност да го живее својот живот на начинот на кој вистински се чувствува.“

transrodna-lichnost-za-prvpat-na-scenata-vo-shouto-dzvezdite-na-grand-ispoved-na-alina-juhart-od-slovenija-foto-video-03.jpg

Во интервју за една српска телевизија, Алина откри и како се чувствува поради овој смел чекор во животот, но и за љубовта кон фустаните и високите потпетици.

Нејзината исповед:

„Jaс понекогаш заборавам дека сум поинаква. Јас толку многу ја живеам својата женственост. Јас одам по светот и ширам љубов и ако некој во тоа гледа нешто лошо, тоа не е до мене.

Никому не штетам и си го живеам својот живот и ако тоа некој не сака да го прифати, јас него ќе го прифатам, затоа што јас прифаќам сè.
Уште како мала знаев дека сум девојче.

Луѓето ме гледаат, па ми го слушаат гласот и јас морам да се објаснам. Но, тоа е мојот животен пат, тоа не е лесно, но јас сум една сосема нормална жена која сака да прегрнува, да сака, да живее.

transrodna-lichnost-za-prvpat-na-scenata-vo-shouto-dzvezdite-na-grand-ispoved-na-alina-juhart-od-slovenija-foto-video-04.jpg

Првпат облеков фустан пред 4 години во Сплит.

Имав дома многу фустани, уште пред 10 години, но првпат тоа го направив јавно пред 4 години. Јас сум од Марибор, но во Сплит некако процветав и оттогаш постојано носам фустани, имам многу, не носам фармерки и панталони воопшто.

transrodna-lichnost-za-prvpat-na-scenata-vo-shouto-dzvezdite-na-grand-ispoved-na-alina-juhart-od-slovenija-foto-video-001.jpg

Носам високи потпетици дури и дома, со нив чистам, пеам, ги обожавам.

На себе не сум направила ништо вештачко, јас сакам природно, имам и природна боја на коса, не осудувам ништо, но јас сакам природно.

Мајката ми почина кога имав 5 години, бев со татко ми и брат ми и тие беа алфа мажи. Им беше шок, но ме прифатија, тие ми се огромна поддршка, јас не можам без мојот брат и секогаш му се јавувам за сè.

Мајка ми велеше дека чувствувала дека носи девојче во стомакот и ете сега има девојче, ако ме гледа.“

Алина додаде дека ги обожава Цеца и Марија Шерифовиќ и дека ѝ е чест што ќе биде дел од типот на Цеца.

Марија не прифати да ѝ биде ментор, но вели дека ѝ дала глас за храброста.

Искрената исповед на Алина:

Настапот на Алина во музичкото шоу (од 1:14 минута):

На следната страна повеќе фотографии од Алина...



Би можело да ве интересира:

Реки по улиците, луѓе заробени во домовите - По бурата Даниел, делови од Грција повторно поплавени о... Годинава Грција се соочи со можеби најлошите природни катастрофи во изминатите н...
„Не сакаше ни да готви, ни да работи“: Ненад Кнез првпат прозборе за разводот со мајката на Ксенија ... „Со тогашната сопруга долго имавме несогласувања. Еден од проблемите беше што не...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Сезоната на бањање во Грција е отворена - Македонци и Срби го преполнија Солун (фото+видео) Внуката на Дац, Гаиа, заедно со родителите Јаков и Софија, уживаше во игрите на ...
Србинка во инвалидска количка првпат се возеше на скутер на вода со дечкото: „По сите одбивања, ми с... „Поради (не)функционирањето на моето тело, јасно е дека немаше шанси да возам са...
Познати личности од Србија кои отворено зборуваат за проблемите со дрога и алкохол „Седев на гробишта и пиев ракија“ - изјави Весна Змијанац во една пригода. Кои п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg