По секс скандалот во Катар, сопругата на голманот Предраг Рајковиќ објави нови фотки со него: „Животот е само еден“

„Преживеавме и полошо. Се излажавте ако сметате дека е добро да нападнете повреден лав“ – со овие зборови сопругата на голманот на српската репрезентација Предраг Рајковиќ, Ана ги коментира пишувањата за наводниот секс скандал. Таа објави нови фотки со сопругот од свадба на која се гости.

po-seks-skandalot-vo-katar-soprugata-na-golmanot-predrag-rajkovikj-objavi-novi-fotki-zhivotot-e-samo-eden-01.jpg

Сопругата на голманот на српската репрезентација Предраг Рајковиќ, Ана, минатата недела се најде среде секс скандал кога голем број од светските медиуми пишуваа дека таа имала афера со колегата на нејзиниот сопруг од репрезентацијата, Душан Влаховиќ, а сега одлучи да одговори на социјалните мрежи.

Српската репрезентација го заврши своето учество во Светското Првенство во Катар, а по враќањето дома, голманот Предраг Рајковиќ и неговата сопруга беа на свадба кај пријатели од каде таа објави повеќе фотографии до кои напиша:

„Животот е само еден, мислења има седум милијарди.“

Многумина ова го оценија како одговор на пишувањата за нејзиното неверство и наводната афера со колегата на нејзиниот сопруг Душан Влаховиќ.

На Инстаграм Стори, пак, Ана објави уште една фотографија со сопругот на која напиша:

„Ми рекоа кумовите дека одмаздата им е подготвена.“

po-seks-skandalot-vo-katar-soprugata-na-golmanot-predrag-rajkovikj-objavi-novi-fotki-zhivotot-e-samo-eden-02.jpg

Инаку, Ана Рајковиќ во Катар замина дури по избувнувањето на секс скандалот и ги пропушти првите два натпревари на српската репрезентација, а многумина коментираа дека причина за тоа се влошените односи меѓу неа и нејзиниот сопруг Предраг.

Дури подоцна се појавија информации дека таа морала да остане дома заради лошата здравствена состојба на синот Тадеј. Таа се огласи на Инстаграм Стори па напиша:

„Преживеавме и полошо. Верувајте. Им благодарам на сите новинари што ме испочитуваа и не објавија ништо за здравствената состојба на Тадеј, а на останатите луѓе што сметаат дека е најдобро да нападнете ранет лав, ќе им порачам дека се излажале. Чопорот го брани. Ви благодарам.“

po-seks-skandalot-vo-katar-soprugata-na-golmanot-predrag-rajkovikj-objavi-novi-fotki-zhivotot-e-samo-eden-03.jpg

Инаку, пишувањата за секс скандалот веднаш беа отфрлени и од страна на Душан Влаховиќ, кој рече дека тоа се измислици и дека правдата ќе ја бара по судски пат.

Прочитајте и Беше свршена со Вељко Ражнатовиќ, српските фудбалери наводно се скараа заради неа – Што знаеме за Ана Рајковиќ?

Погледнете уште неколку нови фотографии од профилот на Ана:

po-seks-skandalot-vo-katar-soprugata-na-golmanot-predrag-rajkovikj-objavi-novi-fotki-zhivotot-e-samo-eden-04.jpg

po-seks-skandalot-vo-katar-soprugata-na-golmanot-predrag-rajkovikj-objavi-novi-fotki-zhivotot-e-samo-eden-05.jpg

po-seks-skandalot-vo-katar-soprugata-na-golmanot-predrag-rajkovikj-objavi-novi-fotki-zhivotot-e-samo-eden-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сопругата на Амиџиќ: „Огњен може татко да ми биде, ама не ми е – со две деца е турбо, имам 52kg и не... „Мина е 100% природна, нема ни филери ни пластика, ни на усните“ - ја одбрани Ог...
Сопругата на Никола Роквиќ: „Отидовме сами на Бали на 5 дена – не можев подолго без децата“ „Прв пат без децата на одмор, по речиси 10 години... Од планираните 7 ноќи, скра...
Сопругата на Тарик Филиповиќ (53) прослави роденден во Виена - тој ја снима, таа блеска (видео) Вљубениот пар славеше во отмен ресторан во Виена, Лејла изгледа децении помладо,...
По скандалот, Душко се огласи, а Јелена Карлеуша си ужива во Дубаи со ќерките и си пее „Јас сум Барб... Душко Тошиќ ја исплатил заостанатата алиментација за децата, дури откако Јелена ...
Партнерката на Огњен Амиџиќ се пожали од него, но се пофали од свекрвата (чиј сопруг бил убиен во 19... Огњен Амиџиќ на 16 години го загуби татко си, ги презеде сите обврски дома, а се...
Основачот на EXIT емотивен за годишнината од смртта на сопругата, со која доби 3 деца: „Постојано е ... „Кога ме прашуваат како сум, кажувам дека со три мали деца, немам друга опција о...

Најчитани неделава