Требало да биде професор по математика, а сега е најпосакуван турски актер – Кој е Акин Акинозу?

Дипломирал математика на универзитетот Беркли во САД, 8 години е во врска со свршеницата Сандра, а вели дека неговиот добар изглед се должи на вегетаријанската исхрана и боречките вештини – што знаеме за Акин Акинозу, најпосакуваниот турски актер во моментов?

trebalo-da-bide-profesor-po-matematika-a-sega-e-najposakuvan-turski-akter-koj-e-akin-akinozu-01.jpg

Акин Акинозу важи за еден од најпознатите и најпосакуваните турски актери во моментов. 

Роден е на 22-ри септември 1990-та година во Анкара. Неговата мајка е познатата турска актерка Узлем Акинозу, а дедо му по таткова страна е еден од најпознатите презентери на турската телевизија ТРТ.

trebalo-da-bide-profesor-po-matematika-a-sega-e-najposakuvan-turski-akter-koj-e-akin-akinozu-05.jpg

Пред да ја започне актерската кариера Акинозу живеел 6 години во САД, каде дипломирал математика на Универзитетот Беркли, но една понуда за улога во целост ќе му го промени животот и плановите за иднина.

Со улогата во турската серија Hercai Акин ќе ја започне својата блескава кариера, а на македонската публика ќе и стане најпознат по улогата во серијата „Игра на судбината“.

trebalo-da-bide-profesor-po-matematika-a-sega-e-najposakuvan-turski-akter-koj-e-akin-akinozu-02.jpg

Пред неколку години тој започнал со веганска исхрана како предизвик, но откако сфатил колку подобро се чувствува одлучил да се задржи на вегетаријанска исхрана.

trebalo-da-bide-profesor-po-matematika-a-sega-e-najposakuvan-turski-akter-koj-e-akin-akinozu-07.jpg

Неговите извајани стомачни мускули се плод на напорна работа и многу часови поминати во теретана. Тој во минатото се занимавал со гимнастика, а денес вежба боречки вештини и други спортови, како тенис, кошарка, фудбал и пливање.

trebalo-da-bide-profesor-po-matematika-a-sega-e-najposakuvan-turski-akter-koj-e-akin-akinozu-16.jpg

Акин ги краде воздишките како на домашната турска публика, така и кај девојките во Јужна Америка, каде неговите серии се мошне популарни и важи за најпосакуваниот турски актер, но тој долго време е верен само на својата свршеница Сандра Пестемалцијан, со која се запознал во САД.

trebalo-da-bide-profesor-po-matematika-a-sega-e-najposakuvan-turski-akter-koj-e-akin-akinozu-06.jpg

Сандра е 5 години помлада од него и по потекло е од Истанбул. Таа во 2011-та дипломирала на техничкиот универзитет во Истанбул, а се преселила во Њујорк за да студира економија.

trebalo-da-bide-profesor-po-matematika-a-sega-e-najposakuvan-turski-akter-koj-e-akin-akinozu-19.jpg

Се верува дека нивната романса започнала уште во САД, а Сандра денес работи во секторот маркетинг во Турција.

Погледнете повеќе фотографии од убавиот актер на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Пред љубовта со 23 години помлада девојка, беше женет со колешка - Што знаеме за актерот Вахидин Пре... Од сопругата со која има син се разведе тивко и без скандали, но потоа почна врс...
Турски милијардер, бивши дечко на Емина Јаховиќ, е опседнат со Јелена Карлеуша - ѝ нуди приватен џет... „Садетин буквално не ја остава на мир Карлеуша. Секој ден ѝ праќа цвеќе и скапоц...
Србинка пронајде љубов на 80 години: „Во брак сме 2 години, се запознавме на Фејсбук, помлад е 13 го... Дека љубовта не познава возраст, докажува Оливера (83) која во деветтата децениј...
По два развода, Пеѓа Јовановиќ се смири со саканата и јавно ѝ призна: „На грешките се учи – имав сре... „Претпоставувам дека тој имаше доволно време да размисли така сам во својот стан...
Милица Дабовиќ, која призна дека е спремна на сè за пари, ќе се мажи за кумот на Дарко Лазиќ: „Среќн... „Зафатена сум, сакана сум и верена сум“ – одговори Милица дрско на обожавател, о...
Мајката праќала вулгарни пораки на синот, за таткото бараат 15 години затвор - Крај на судењето на р... За таткото се бара максимална казна затвор, а прочитани се и пораки што си ги ис...

Најчитани неделава