Северина на Малдиви со мажот кого Игор Којиќ го обвини за нивниот развод: „Тој и синот ми се најдраги“

Сите мажи си заминуваат од животот на Северина, но не и нејзиниот менаџер Томица Петровиќ. Пејачката заедно со него и со синот Александар отпатува на Малдиви, каде заедно ги прославија родендените. Зошто Игор Којиќ го обвини Томица за разводот?

igor-kojikj-go-obvini-za-razvodot-a-sega-severina-mu-slavi-rodenden-na-maldivi-toj-i-sinot-mi-se-najdragi-mazhi-01.jpg

Хрватската пејачка Северина, вчера (20.02) го прослави роденденот на синот Александар кого го доби од врската со српскиот бизнисмен Милан Поповиќ. Таа објави емотивно видео со кое му го честита 11-тиот роденден.

igor-kojikj-go-obvini-za-razvodot-a-sega-severina-mu-slavi-rodenden-na-maldivi-toj-i-sinot-mi-se-najdragi-mazhi-02.jpg

Истиот ден роденденот го прослави и нејзиниот долгогодишен менаџер Томица Петровиќ, а Северина, по тој повод одлучи тие тројца заедно да заминат на егзотично патување на Малдиви, од каде сподели кратко видео на кое се гледа како за време на ручекот во ресторанот персоналот им пее песна за среќен роденден.

„Среќен роденден на моите најдраги мажи“ – напиша Северина до објавата.

 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 

A post shared by Severina (@severina)

Поранешниот сопруг на Северина, Игор Којиќ минатата година даде интервју и за првпат прозборе за разводот, па јавно го обвини блискиот соработник на пејачката за проблемите во нивниот брак.

Игор не го обвини таткото на Александар, Милан Поповиќ, туку според него, главен виновник е Томица.

„Не ни го отежнуваше животот толку Милан, колку што константните сугестии на најблискиот соработник на Северина околу целата ситуација со Александар.

igor-kojikj-go-obvini-za-razvodot-a-sega-severina-mu-slavi-rodenden-na-maldivi-toj-i-sinot-mi-se-najdragi-mazhi-04.jpg

Тој е и причина за лошиот однос на Северина со сестра ѝ Зденка, а неодамнешниот прекин на соработката сестра ѝ го славеше со шампањ. Се надевам дека Северина еден ден комплетно ќе се оттргне од неговите канџи и ќе ги слави вистинските вредности“ – рече тогаш Игор.

Инаку, додека беше во брак со Игор Којиќ, Северина ја прекина соработката со Томица, но набрзо по разводот повторно се помирија и објави фотографија на која танцуваат заедно, до која напиша:

„Хани, јас сум решен вечно со тебе да танцувам“.

igor-kojikj-go-obvini-za-razvodot-a-sega-severina-mu-slavi-rodenden-na-maldivi-toj-i-sinot-mi-se-najdragi-mazhi-03.jpg

За Томица велат дека тој буквално бдее над Северина, нема приватен живот и целосно ѝ е посветен. Тој ѝ ја отвора вратата од автомобилот и ѝ носи чадор кога врне, знае кога пејачката е уморна, а кога сака да се забавува до зори.

Прочитајте и Заедно се 22 години, трча по неа со ќебе кога ѝ студи – Кој е соработникот на Северина, кого Игор Којиќ го обвини за распадот на бракот? (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
Милан Калиниќ на ќерката убавица ѝ прослави 18-ти роденден, со бившата сопруга: „Горд сум на потенци... „Ти си мојата најголема радост, гордост и најубава животна приказна“, емотивно н...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
Игор Којиќ првпат објави фотка со новата девојка - Се вљуби во 27-годишна мисица, по двата разводи Николина е двојно помлада од поранешната сопруга на Игор, Северина, која оваа го...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
По разводот кога бившиот сакаше да ѝ ги земе децата, Тања Савиќ (40) пронајде љубов - му прослави 30... По скандалите со бившиот сопруг Душан и крајот на бракот од 11 години во 2022-ра...

Најчитани неделава