Синот на Северина порасна во прекрасно момче, ист како неа - мама му честита роденден со емотивна посвета

Долго време го криеше лицето на синот заради забраната од неговиот татко, а во меѓувреме тој израснал во прекрасно момче, копија на мама – Северина му го честита роденденот на Александар со снимка на која двајцата блескаат.

sinot-na-severina-porasna-vo-prekrasno-momche-ist-kako-nea-mama-mu-chestita-rodenden-so-emotivna-posveta-01.jpg

Северина помина низ најтешките моменти во периодот кога таткото на нејзиниот син единец ѝ го одзема старателството над синот Александар и не ѝ дозволуваше да го види, ниту да го објавува фотки со него на социјални медиуми.

Откако ситуацијата се смири и таа повторно го доби старателството, пејачката почна да споделува фотки со нејзиниот син, но многу поретко.

На последните фотки пред судската битка со Милан Поповиќ, синот Александар беше малечок, а сега тој полека прераснува во вистински убавец, кој очигледно е копија на мама.

sinot-na-severina-porasna-vo-prekrasno-momche-ist-kako-nea-mama-mu-chestita-rodenden-so-emotivna-posveta-02.jpg

По повод неговиот роденден, Северина објави снимка со него на која двајцата со роденденски капи се смеат и блескаат од љубов и напиша:

„Среќен роденден на мојот ангел, на мојата најголема љубов, на мојот син. Сѐ што имам си ти...“

sinot-na-severina-porasna-vo-prekrasno-momche-ist-kako-nea-mama-mu-chestita-rodenden-so-emotivna-posveta-05.jpg

M. M. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

По Северина, Игор Којиќ се ожени за 15 години помлада, се разведе за 5 месеци, a сега има нова женск... Неговата нова девојка неодамна седеше во ложата на концертот на Кеба покрај Игор...
На Северина ѝ тргна во животот - го покажа лицето на синот, објави нова хит песна со наслов „Пумпај,... „Зошто мене ми е забрането да се гордеам со мојот син? Таткото се обиде на сите ...
Северина на 53 години e фит во бикини на одмор во Италија - прошета и во совршен фустан Северина изгледа како на модна писта на одморот во Капри со другарките и вели „Н...
Трогателна приказна: Момче (11) од Хрватска продава играчки за да ѝ помогне на мајка си, која 8 годи... Оваа приказна им ги скрши срцата на луѓето од целиот регион. Дино сака да направ...
Синот на Лепа Брена пече леб и спрема казан со чварки – Подготовки во луксузниот дом за славење Св. ... Малиот син на Лепа Брена и Бобо, Виктор, секогаш помага во подготовките за куќна...
Северина објави фотки од синот на црковен обред за примање света потврда – момчето пораснато, мајкат... Синот на Северина, Александар, веќе е големо момче со шармантна насмевка дотеран...

Најчитани неделава