Конечно е искрено насмеана по Грашо - Први заеднички фотки од Данијела Мартиновиќ со новиот дечко

Откако хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ (51) неодамна откри дека е повторно заљубена, магазинот „Gloria“ ги објави првите фотки од пејачката и нејзиниот нов дечко, полицискиот инспектор Јосип Плавиќ.

josip-plavikj-konechno-i-ja-vrati-nasmevkata-na-danijela-objaveni-prvi-sliki-od-pejachkata-i-nejziniot-nov-dechko-01.jpg

Данијела и Јосип се фотографирани во парк во Загреб, насмеани и заљубени. Тие се држат во прегратка додека се шетаат низ паркот, а на една од фотките седат на земја покрај дрво и се смеат.   

Фановите коментираат дека љубовта ѝ годи на Данијела и дека таа е повторно среќна и искрено насмеана, откако ја раскина врската со Петар Грашо по две децении љубов.

Неодамна во интервју за „Gloria“, Данијела ја раскажа приказната за нивната љубов. Таа откри дека со две години помладиот инспектор првпат контактирала по телефон, кога се соочила со онллајн кражба на идентитетот.

Дека некој лажно се претставува во нејзино име и ги повикува луѓето да вложуваат во биткоини ѝ откриле нејзини пријатели, по што Данијела пријавила во полиција.

konechno-e-iskreno-nasmeana-po-grasho-prvi-zaednichki-fotki-od-danijela-martinovikj-so-noviot-dechko-02.jpgфото: Фејсбук

Иако полицијата брзо го решила случајот, Данијела и Јосип продолжиле да комуницираат, а пријателството се претворило во љубов.

„Делиме исти вредности, погледи на животот и светот околу себе, дури и исти соништа“, рече Данијела пред неколку дена во интервјуто за „Gloria“.

Пријателите на Данијела за „Slobodna Dalmacija“ велат дека пејачката е заљубена до уши и дека конечно покрај себе има вистински маж што ја сака, почитува и неизмерно ја цени.

Јосип, пак, освен што е полицаец, пее и свири гитара во рок-бендот „Izvan zakona“. Обожава пејнтбол, мотори, а зад себе има еден пропаднат брак и ќерка, но со поранешната сопруга, наводно е во добри односи.

Прочитајте и Данијела Мартиновиќ (51) има нов дечко, по разделбата со Петар Грашо: „Тој е криминалистички инспектор, го запознав случајно“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
„Ја откачи по породувањето, нема да се разведе и не се појавил кај неа дома“ – Што се случува со тат... „Плачеше со ноќи, но Бог ти даде сила повторно да станеш. Она што требаше да те ...
Пејачката Катарина Живковиќ за борбата за потомство: „Јас бев една од жените што имаат проблем со за... „Кога јавно почнав да зборувам за проблемот што го имав, кога му се заблагодарив...
Ќерката на Гоца Тржан порасна – позира разголена со новиот дечко фудбалер, тој ја бакнува кај мајка ... Гоца Тржан откри дека ја носела ќерката со себе на свои настапи уште кога била б...
Данијела Димитровска купи стан од 500.000€ со 6 години помладиот свршеник - Поглед на море во монден... „Моментално го опремуваме станот, но знаете и самите, ништо никогаш не оди точно...
„Дечкото има магија, каква емоција! Која нова песна на Јаков Јозиновиќ ме освои на прва?“ Кога го слушам него слушам емоција, слушам магија, има некој X фактор во него. М...

Најчитани неделава