Милан Калиниќ: „Сум ги удрил децата, но не сум насилник - јас сум најдобриот татко на светот“

„Јас не сум насилник. Од воспитни причини сум го удрил понекогаш своето дете, а го сакам најмногу на светот и тоа ме сака мене. Но денес сè отиде од една во друга крајност. Од децата правиме мали морони“ - изјави Милан Калиниќ во интервју во кое говори за воспитувањето на децата. 

milan-kalinikj-sum-gi-udril-decata-no-ne-sum-nasilnik-jas-sum-najdobriot-tatko-na-svetot-01.jpg

Српскиот актер Милан Калиниќ од почетокот на својата кариера важи за еден од омилените на публиката. И не само поради глумата и хуморот кој му е препознатлив знак, туку и поради приватниот живот кој не е скандалозен.

Милан Калиниќ е веќе 16 години во брак со Сандра, со која има две деца, ќерката Теа и синот Вук.

Милан, сопругата и нивните две деца важат за складно семејство, а актерот за себе вели дека е најдобриот татко на целиот свет, иако многумина можеби нема да се сложат со него.

Популарниот актер неодамна гостуваше во емисијата „Kec na jedanaest“ на телевизијата К1, каде што зборуваше за родителството, но и за новите проекти на коишто работи.

На прашањето дали понекогаш ја удира ќерката, тој одговори на свој хумористичен начин.

„Земам летва и ја удирам со летвата по глава, а потоа ја распнувам на крстот. Се разбира, се шегувам. Еднаш ја удрив онака воспитно по задникот“, вели Милан.

Тој додава дека денеска сè станува насилно:

„Јас не сум насилник. Од воспитни причини сум го удрил понекогаш своето дете, а го сакам најмногу на светот и тоа ме сака мене, бидејќи најмногу љубов добива од мене и го има најсреќното и најубавото детство. Во очите на законот, јас сум одговорен исто како и тој што се вратил дома мртов пијан и го малтретира семејството“.

Во интервјуто, Калиниќ додава и дека денес му е најмногу жал за наставниците во училиште кои изгубиле најмногу авторитет последниве години.

Според него, родителите се однесуваат премногу заштитнички кон своите деца и не дозволуваат тие да го стекнат вистинското воспитување како постарите генерации, кога учителите биле некој пред кого се тресеш и го почитуваш.

„Професорите денес се крпи, најмногу ги жалам нив. Јас сум од оние родители кои му кажуваат на своето дете дека треба да се справи со професорот, дури и да е најлош на светот. Им велат тоа е твојот учител, не ме интересира.

Понекогаш некој професор ќе ве сака повеќе или помалку, но на вас е да се справите со тоа. Сега веднаш се пишуваат петиции. Сè отиде од една во друга крајност. Од децата правиме мали морони“, додаде актерот.

Милан, кој е во хармоничен брак со сопругата Сандра, вели дека не сака да се фали, но кога станува збор за родителството, се смета себеси за најдобриот татко на светот.

„Не сакам да зборувам за себе кога се во прашање многу работи, но кога станува збор за родителството, тврдам дека сум најдобриот татко на светот!

Колку и да мисли секој за себе, бидејќи секој, секако, најмногу ги сака своите деца, јас постојано гледам што прават и како прават луѓето и таа титула нескромно ќе ја задржам за себе. Јас сум горд на тоа.

Она што го добивам од моите деца е најголемата сатисфакција и ништо друго не ми треба во животот“, изјави неодамна актерот во емисијата „Pusti brigu“.

Таму тој ги осуди и мажите што се разведени, а немаат време за своите деца.

„Кога ги прашувам во каков однос се со нивните деца, а тие ми велат „немам никаков контакт“, влегувам во дискусија. Ништо не прифаќам како изговор.

Најмногу се вадат на мајката, односно на бившата сопруга, па велат „мајката ова, мајката она“. Која мајка? Која мајка може да ми забрани да си го гледам детето? Кој суд? Кој закон? Никој не може да ви застане на патот таму“, изјави Калиниќ.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Огњен Амиџиќ објави прва фотка од новородениот син: „Има коса како прваче“ Сакал на синот да му даде име што ќе биде единствено, па затоа се одлучил за име...
Милош Биковиќ доби син: „Дури откако ќе станеш родител почнуваш да растеш“ „Ние прво мислиме дека треба да пораснеме за да добиеме дете, но тука има една с...
Колешките се „вкочануваат“ кога снимаат секс сцени со него, дава скандалозни изјави – Факти за Вук К... Познат е по скандалозните изјави, откри дека за време на снимањето на секс сцени...
„За да добие пари од мене, мора да ми роди барем 2 деца“ – Што зборуваше првиот сопруг на Јелена Кар... Постапката за развод била завршена за неколку дена. Бојан ја извадил бурмата вед...
Анѓелка Прпиќ изгледа фит во црвено, откако тајно се омажи со најдобриот пријател на нејзиниот поран... Актерката Анѓелка Прпиќ, која во мај доби дете, а неодамна тајно се омажи за нај...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg