Некои од нив го имаат променето личниот опис, како Маја Беровиќ и Александра Пријовиќ, додека други имаат претерано со нагласување на делови од своето тело или лице како Дара Бубамара со усните.
„Многу сум потресена овие денови. Не можев да го догледам целото видео на злоставувањето на малото девојче, по неколку секунди повратив. Не можев да го погледам целото видео од претепувањето на девојката на тениското игралиште, врескав...“, емотивно пишува Наташа Беквалац за двете видеа кои ја потресоа и згрозија Србија. СТОП за насилството врз деца!
„Не го пријавив затоа што се плашев дека околината ќе ме обвинува: ‘Што барала со него?’ Мислам дека и денес жртвите молчат од истите причини“ – пејачката отворено зборуваше за моментот кога била жртва на сексуално насилство, а ја нападнал најдобриот другар.
Со високи црвени латекс чизми и танга гаќички со ѓаволска опашка, Јелена Карлеуша позира гола по повод Ноќта на вештерките. Фановите со поделени мислења...
„Луѓето што одат на терапија се сѐ уште стигматизирани, а дел од јавноста нѐ смета за лудаци што не можат да се изборат со животот, но тоа не е така. Според мене тоа е најдобрата инвестиција“ – вели во интервју српскиот актер Милан Мариќ. Тој откри дали планира да се ожени и какви девојки го привлекуваат.
„Јас никогаш не сум влегол во некоја приказна заради корист, на кој било начин. Секогаш сум бил искрен. Сѐ уште се привикнувам на новиот начин на живот“ – со овие зборови Огњен Амиџиќ го коментира разводот од неговата втора сопруга со македонско потекло Данијела Димитровска.
Големите и загадени градови ги заменија со живописно селце со само 3.500 жители на сончева висорамнина, среде планини... Совршено место за семеен живот, зарем не?
„Ова нашето не е нормално, но Бог ти го дава само она што можеш да го издржиш, без разлика дали е убаво или грдо“ – вели пејачката Марија Микиќ и открива дека нејзината ќерка има само 4 месеци, а таа веќе е бремена во 3-иот месец.
Својата сопруга ја криеше од јавноста 13 години, но за неа во една пригода изјави дека му е најголемата поддршка, но се разведе од неа и по само 40 дена испливаа фотографии од свадбата со новата избраничка.
Со сопругот се развела по само 3 години брак, а оттогаш имала неколку посериозни врски, кои завршиле со скандали. За бившиот дечко дознала дека ја изневерува откако неговите приватни разговори беа објавени во сите турски медиуми - факти за Асли Енвер.
„Процедурата е поболна од породување со царски рез. Никогаш не можев да се замислам себеси со големи гради, но по доењето морав на операција“ – ќерката на Дино Дворник, Ела отворено говореше за процедурата за зголемување на градите и за тоа зошто се одлучила на таков чекор.
„Бегај ма од мене“ – партнерот на српската актерка Мирка Васиљевиќ направил вистинска сцена на премиерата на филмот „Комедија на три спрата“, а по брачната расправија таа застана пред медиумите и даде изјава со која се обиде да го оправда неговото однесување.
На 33-годишна возраст Карло Загорац во ријалити шоу на ТВ екраните, а потоа и во приватноста, беше во врска со 20-годишна Македонка, но по нови пишувања на темата деновиве, фризерот од Србија се огласи и на Инстаграм упати апел до Македонците...
Ивана Кораб синот го добила од трет обид со ин витро, но сака да го зголеми потомството, а за сите свои одлуки говори отворено за да ги охрабри и другите жени кои минуваат низ ваков тежок процес.
Горан не смее да тежи повеќе од 85 килограми. Горан не смее да се врати дома после 02:00 часот. Горан не смее да поминува повеќе од еден час неделно со другарот Х. Горан не смее да се допишува со други девојки... – ова се некои од правилата во предбрачниот договор што масовно се споделува на социјалните мрежи. Мажи, би потпишале ли ваков договор, за кој многумина се согласуваат дека е измачување?
„Што и да направам и како и да се поставам јас ќе дочекам некоја осуда, од некоја страна“ – вели Николина Пишек. Искусната водителка, овојпат не успеа да ги скрие емоциите пред камерите додека говореше за тоа како се носи со смртта на сопругот.
Со прекрасни зелени очи, полни усни и витка линија, двете сестри Кристина и Милица Периќ се неверојатни убавици.
Пејачката Елена Китиќ има 7 тетоважи на телото, а Наташа Беквалац една, но посветена на љубовта и децата. Николија исто така е вљубеничка во тетоважите, а на листата е и младата пејачка Бресквица.