„Не е лесно, гладен си, ти се спие“ – Никола Роквиќ ја оствари првата цел и опиша како изгледа патувањето низ Грција

„Одеднаш влегуваш по патчето по кое никој не проаѓа… Обраснато со трева до колена, полно со камења, мрежи од пајаци на секои половина метар“ – Никола Роквиќ го опиша своето долго патување, а потоа соопшти дека ја остварил својата прв цел.

so-stapovite-gi-tepam-zmiite-nikola-rokvikj-ja-ostvari-prvata-cel-i-opisha-kako-izgleda-patuvanjeto-niz-grcija-01.jpg

Српскиот музичар Никола Роквиќ во изминатиот период е топ тема заради неговиот хуман подвиг, во кој пеш патува од Србија, до манастирот Свети Егински во Егина во Грција и собира донации за да им помогне на дечињата кои од најмала возраст се борат за сопствениот живот.

Пејачот, кој пред неколку дена ја пропешачи Македонија и влезе во Грција, постојано објавува видеа од своето патување. А, иако има уште да патува, тој и неговата сопруга Бојана Баровиќ вчеравечер (15.05) соопштија убава вест на социјалните мрежи.

„Луѓе успеавме! Првата од нашите цели е остварена, собравме средства за педијатарската онкологија, но не смееме да застанеме.

Одиме понатаму, продолжуваме да собираме пари, следната цел е помош на детската онкологија во Ниш“.

Инаку, хуманиот подвиг на Никола привлече големо внимание кај јавноста и покажа на кој начин славните и познатите личности може да го искористат сопственото влијание за несебични цели.

Благодарение на неговиот подвиг, ќе биде реновиран Одделот за детска онкологија во Белград и ќе се купи апарат за дијагностицирање рак на мозокот кај децата за Клиниката за детска онкологија во Белград, кој чини околу 200.000 евра.

Никола треба да помине вкупно 1060km, а своето патување го започна пред 24 дена.

Додека минуваше низ Македонија тој редовно објавуваше колку Македонците му покажале голема почит, па често ги покажуваше подароците што попатно ги добивал.

Тој имаше подолга објава на Инстаграм каде што напиша со што се соочува на долгиот пат.

„Рамниот и долг пат по подолго време станува исцрпувачки, мислиш дека не можеш веќе, гладен си, ти се спие…

И одеднаш влегуваш по патчето по кое никој не проаѓа … Обраснато со трева до колена, полно со камења, мрежи од пајаци на секои половина метар и распространети по целото патче.

Удирам со стаповите заради змии, ги отстранувам мрежите од пајаците, се заплеткувам, пајаци ми паѓаат по рацете.

Веќе си замислувам како сум полн со крлежи.

Го молам Бога само пак да излезам на оној рамен и досаден пат.

И кога излегов на сигурно, заморот исчезна и веднаш ми стане многу инспиративно и убаво.

Излегувањето од зоната на комфорот нè учи како со враќањето во комфорот со радост им се заблагодаруваме на миговите на сигурноста, радоста, убавината мирот“ – напиша тој.

Погледнете уште неколку фотографии од патувањето на Никола:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Лука (16) е сместен во дом со 300 лица со попреченост, цело ... „Не е оштетено само детето, туку целото семејство е оштетено. Замислете кога мој...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
Му ја кинат кошулата, беше цела естрада: Огњен Амиџиќ направи мекици за ќерката Лола и објави прва ф... Десингерица, во свој бизарен стил, му донесе подарок - косилка за трева, Џани пе...
Вирално видео: Северина падна на бина среде концерт, триумфално ги крена рацете и продолжи да пее Додека пееше и скокаше на бината, Северина се сопна и падна пред целата публика,...
По 2 пропаднати брака се ожени со 11 години помлада, чекаат трето дете – Која е атрактивната сопруга... „Некои велат дека сум со него заради пари, но кога го запознав тој беше на дното...
Никола Јокиќ плаче како дете од среќа - прескокнува ограда, трча да си го погали коњот кој победи на... Јокиќ, кој е страстен љубител на коњи, не може да поверува дека негов коњ победи...

Најчитани неделава