Ги криеше од јавноста, денес се вистински убави - Како изгледаат ќерките на Здравко Чолиќ?

Здравко Чолиќ е една од најголемите ѕвезди на Балканот, но е познат и по тоа што приватниот живот секогаш го криел од очите на јавноста. А, за своите ќерки речиси и никогаш не откривал ништо.

gi-krieshe-od-javnosta-denes-se-vistinski-ubavi-kako-izgledaat-kjerkite-na-zdravko-cholikj-01.jpg

Здравко Чолиќ важи за еден од најголемите заводници на Балканот. По него лудуваа многу жени, но за него постои само една, неговата сопруга Александра со која е заедно две децении и ги имаат ќерките Уна и Лара.

Пејачот е познат по тоа што приватниот живот секогаш го криел од очите на јавноста, а за своите миленички речиси и никогаш не откривал ништо.

Но, тоа се промени кога Уна и Лара пораснаа и направија свои профили на социјалните мрежи.

Јавноста сега може да види како изгледаат ќерките кои познатиот пејач долго ги криеше од љубопитните погледи.

„Горд сум на моите ќерки, како што е секој татко. Јас сум тука да ги поддржувам и да ги исполнам нивните желби.

Убаво е мажот да добие деца во подоцнежна возраст. Горд сум на моето мало семејство, на малите две девојчиња, сега девојки. 

Со мене им е лесно, со мама им е потешко. Жена ми често ме критикува дека не треба да им попуштам многу, дека морам да бидам и на нејзина страна, но не можам да им кажам 'не' на девојките.

И, секогаш им купувам сè. Да беше до мене, сè ќе дозволев. Таа ме критикува, но така е.

Од друга страна, не можам да бидам премногу строг, некако ми е тешко, само на моменти можам да станам малку сериозен. Претежно сум попустлив“, изјави пејачот за српскиот портал Story.

Уна е многу активна на социјалните мрежи. Таа постојано објавува фотографии и добива низа комплименти дека е вистинска убавица.

За разлика од постарата ќерка, помалата Лара не сака многу да се експонира, но едно е сигурно - и таа и Уна ја наследиле убавината од своите родители.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елена Китиќ никогаш позгодна - ја „уловија“ со дечкото на аеродром, откако беше на одмор со татко ѝ ... Елена, ретко споделува фотки на Инстаграм, но со нејзината последна објава, таа ...
Здравко Чолиќ: „Моите ќерки се разгалени, постарата многу сака да се слика, постојано е со телефонот... „Имам две ќерки кои се разгалени. Нормално... Па, и јас би бил разгален да сум н...
Здравко Чолиќ ѝ прослави 24-ти роденден на ќерката со забава во ресторан - букет рози, чанта од 2.80... Уна Чолиќ пред извесен период конечно го откри идентитетот на 10 години постарио...
Српски писател со вирален статус за Дарко Лазиќ: „Сериозно, ќе го тужам за душевната болка што ми ја... „Ни крив ни должен, дознав сè за Дарко Лазиќ... Дека се здебелил, дека ослабел, ...
Скандалозната сестра на Луна Џогани си направи пластична операција на носот - Се снима директно од б... Oткако имаше дечко кој по излегувањето од затвор на ногата сè уште носеше електр...
По 2 пропаднати брака се ожени со 11 години помлада, чекаат трето дете – Која е атрактивната сопруга... „Некои велат дека сум со него заради пари, но кога го запознав тој беше на дното...

Најчитани неделава