Почина легендарниот актер Димче Мешковски на 77 години – колегите се збогуваат од него

„Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага... Низ главава ми експлодираат спомени“ – напиша Игор Џамбазов по веста дека легендарниот актер Димче Мешковски почина на 77-годишна возраст.

pochina-legendarniot-akter-dimche-meshkovski-na-77-godini-kolegite-se-zboguvaat-od-nego-01.jpg

Македонскиот актер Димче Мешковски почина на 77 години.

Веста за неговата смрт со неверување ја дочекаа колегите актери, пријателите, но и неговите обожаватели, кои преку социјалните мрежи се простуваат од бардот на македонското глумиште.

Фотографии и заеднички приказни за Димче објавија Игор Џамбазов и Весна Бејби, кои се простија од актерот.

„Збогум, драг мој Мешко. Има ли име ова? Оваа тага...

Низ главава ми експлодираат спомени.

Претстави, филмови, серии, радио драми, легендарното Хихирику, тезги, софри, песни, гитари, бесконечни партии карти во театарот. И многу ќеф. Што те познавав, што ме прифати како син, и што навиваше за мене и тогаш кога не требаше. Се гледаме стари...“ - напиша Игор Џамбазов. 

pochina-legendarniot-akter-dimche-meshkovski-na-77-godini-kolegite-se-zboguvaat-od-nego-02.Jpg

„Си замина Мешко. Ќе те памтам по твојата насмевка, твојата воздржаност, огромната љубов кон Марика и твоите две ќерки. Добар татко и одличен глумец. Мешко, баш те сакав. Аплауз и слава ти“, напиша Весна Бејби.

pochina-legendarniot-akter-dimche-meshkovski-na-77-godini-kolegite-se-zboguvaat-od-nego-03.jpg

Од Димче Мешковски се прости и водителката на „Брза кујна“, Сања Савевска.

„Небото сега е твојата сцена“, напиша таа покрај заедничката фотографија.

pochina-legendarniot-akter-dimche-meshkovski-na-77-godini-kolegite-se-zboguvaat-od-nego-04.jpg

Мешковски е роден 31 октомври 1945 година во Скопје и беше познат театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист. 

Публиката го памети Мешковски по легендарните улоги - Тасе во „Викенд на мртовци“, Секула во „Солунски патрдии“, но и улогите со „Женски оркестар“, „Хихирику“ и многу други. 

Димче Мешковски глумеше во Драмски театар, каде остварил улоги во многу претстави - „Диво месо“, „Солунски патрдии“, „Хамлет од Долно Гаштани“, а често се појавуваше и во „Македонски народни приказни“.

pochina-legendarniot-akter-dimche-meshkovski-na-77-godini-kolegite-se-zboguvaat-od-nego-05.jpg

Мешковски му го позајмуваше својот глас на Гаргамел во „Штрумпфови“, а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца.

Актерот е добитник на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.

Тој изминатите години живееше на Флорида, а е татко на познатата македонска пливачка, Наташа Мешковска.

Комеморација во чест на Димче Мешковски ќе се одржи на 28 март во 12 часот, во неговиот матичен Драмски театар.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина актерот Владимир Ендровски - Љац, еден од омилените во МНТ „Замина нашиот колега Владимир Ендровски, нашиот пријател Љац, ненадминливиот ак...
Македонката Андреа Кидд, фитнес тренер во Дубаи: „Се занемарив и имав депресија - ми требаа 10 годин... „Благодарна сум за секој успех, пад и сѐ што ми застана на патот и ме направи то...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Браво! Сара секои 4 години ја донира својата коса за заболените од рак и ги поттикнува и другите „Дали знаеш дека за изработка на само ЕДНА перика потребно е 10 до 15 жени да до...
Љубовта не знае за години: Кои познати дами од Македонија биле или се постари од своите партнери? Каролина Гочева, Калиопи, Сузана Турунџиева... На македонската јавна сцена ...
Почина актерката Катина Иванова, доајен на македонското театарско глумиште Актерката Катина Иванова почина на 72-годишна возраст. Веста за нејзината смрт д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg