Ноне повторно замина на брод и објави фотки со мистериозен дечко: „Имам и машки пријатели“

Откако на Инстаграм сподели фотографии со мистериозен маж, за кој напиша дека се вика Филип, многумина почнаа да се прашуваат дали е тоа новиот дечко на Ноне.

none-nedelkovska-otkri-koj-e-misteriozniot-dechko-so-koj-se-slikashe-na-instagram-01.jpg

Поранешната пејачка Ноне Неделковска, иако долги години не е дел од јавната сцена, не престанува да привлекува внимание. Некогаш тоа е со изгледот, другпат со егзотичните дестинации што ги посетува, а често и со љубовниот живот.

Па откако на Инстаграм сподели фотографии со мистериозен маж, за кој напиша дека се вика Филип, многумина почнаа да се прашуваат дали е тоа новиот дечко на Ноне.

none-nedelkovska-otkri-koj-e-misteriozniot-dechko-so-koj-se-slikashe-na-instagram-03.jpg

Во краток разговор за CRNOBELO.com, Ноне вели дека не секој маж со кој ќе објави слика ѝ е нова љубов.

„Преку десет години работам на брод и запознав многу пријатели и сè уште сме во контакт. Ако ставам слика со некој пријател не значи дека сум во љубовна врска. Јас, како и многу други, се разбира, имам и машки пријателства коишто многу ги ценам“, ни рече Ноне.

none-nedelkovska-otkri-koj-e-misteriozniot-dechko-so-koj-se-slikashe-na-instagram-02_copy_copy.jpg

Tаа ни откри и дека во моментов крстари низ Канарски Острови.

„Тоа е една од моите омилени дестинации. Секогаш сум среќна кога се враќам тука. Америка ќе ми биде следна дестинација и таму ќе откривам нови места“, додаде таа.

none-nedelkovska-otkri-koj-e-misteriozniot-dechko-so-koj-se-slikashe-na-instagram-04_copy_copy.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Ноне наполни 39 години: „Сонувам да го истражам светот со посилна половина и, ако Бог даде, со мои д... „Благословена сум што посетив 75 земји, прво преку мојата музичка кариера, а пот...

Најчитани неделава