Лила Филиповска објави ретро видеа од почетокот на кариерата: „Син ми праша дали бил роден тогаш“

„Малку времеплов и многу носталгија. Мојата љубов, квизовите! Син ми ме праша дали бил роден тогаш“ - напиша меѓу другото, познатата ТВ водителка Лила Филиповска. Додека во последниот период привлекува внимание со тоа што отворено и искрено зборува за нејзината борба со ракот, таа објави и две видеа со кои ги потсети следбениците на своите почетоци.

lila-filipovska-objavi-retro-videa-od-pochetokot-na-karierata-sin-mi-prashuva-dali-bil-roden-togash-01.jpg

Познатата македонска ТВ водителка Лила Филиповска деновиве е во фокусот на јавноста откако почна јавно да зборува за својата битка со ракот.

Лила пред неколку денови гостуваше на настан во Александар Палас, каде искрено кажа што сè се случувало од мигот кога ја добила дијагнозата и што било она што ѝ дало волја, надеж и сила да се избори со злокобната болест.

Сега на својот Инстаграм профил таа објави две постари видеа од почетокот на кариерата, кога водеше квизови на некои од македонските телевизии.

„Малку времеплов и многу носталгија. Мојата љубов, квизовите! Првиот клип е од „Бројки и букви“, а вториот од култната „Енигма“ на Сител. Син ми ме праша дали бил роден тогаш. Спомени“ - напиша таа до видеата.

Во продолжение погледнете како изгледаше Лила на почетокот на својата кариера. За да ги видите и двете видеа кликнете на стрелката во објавата:

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лила ги покажа внуките кои се вистински убавици: „До генот е“ „Немам ќерка ама затоа имам внуки. Сандра и Галена убавици и паметници“, напиша ...
Лила и Биг Мама го истражуваат Бразил - Непријатна случка во Сао Паоло, се будат со поглед на Копака... Во Сао Паоло Лила доживеа и мала непријатност - додека преминуваше улица, Биг Ма...
Лила Филиповска се врати на работа во хит аутфит со влечки - по патувањето со другарите во Белград „Јас го сакам животот и тој ме сака мене… Едноставно е“, вели Лила Филиповска и ...
Лила се забавува во Бодрум - позира на фламинго, ужива на пена-журка на базен, ги покажа извајаните ... Водителката ги насмеа своите следбеници откако на Инстаграм Стори објави фотка н...
Уште една хероина заѕвони на Детската клиника во Скопје облечена како принцеза – малата Амина ја поб... Облечена како Елса, во син фустан, со перика со плетенка, круна на главата и маг...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...

Најчитани неделава