Детски роденден во кичевско со тема фарма и „направи сам“ проекти со сено, шеќерни јаболка и рурален стил (фото)

„Балоните ги порачав од Ali Express и чинеа околу 550 денари, сталакот, на којшто стоеја, беше изработен од мојот сопруг. Тортата беше дополнета со наши играчки во форма на домашни животни. Нашите соседи беа добри и ни дадоа бали сено декорирано со кокошка, а врз него и фенер“, открива Николина Ангеловска (31) за вториот роденден на синот.

detski-rodenden-vo-kichevsko-so-tema-farma-i-napravi-sam-proekti-so-seno-i-korpa-zelenchuk-foto-01.jpg

Николина Ангеловска (31) со сопругот Денис и 2-годишниот син Марин животот во град го замени со живот на село.

Ова семејство живее во селото Бигор Доленци, оддалечено 5km од Кичево, кое има само 120 жители, но за нив е совршен дом со мир, спокој, здрава храна и околина и најубаво ѕвездено небо.

Живее во склад со природата, па во тој дух организираше и тематска забава за синот по повод неговиот втор роденден.

Темата е фарма, а Николина сама направила голем дел од работите за роденденот.

Николина за CRNOBELO.com открива:

„Прво, мора да кажам дека родендените за мене се нешто посебно, нешто на коешто најмногу се радувам и со голема возбуда, подготовка и радости ги подготвувам и дочекувам.

detski-rodenden-vo-kichevsko-so-tema-farma-i-napravi-sam-proekti-so-seno-i-korpa-zelenchuk-foto-07.jpg

Тоа се тие моменти кои ќе ни останат во сеќавање, каде што ги креираме нашите спомени. Семејство, пријатели, дечиња, смеа, зарем има нешто поубаво од такви собири?

detski-rodenden-vo-kichevsko-so-tema-farma-i-napravi-sam-proekti-so-seno-i-korpa-zelenchuk-foto-10.jpg

Последните неколку години ги правам да се тематски, како за синот, така и за мене и сопругот.

detski-rodenden-vo-kichevsko-so-tema-farma-i-napravi-sam-proekti-so-seno-i-korpa-zelenchuk-foto-20.jpg

За вториот роденден на нашето синче Марин (12.04) сакавме да е некоја интересна тема и несекојдневна.

detski-rodenden-vo-kichevsko-so-tema-farma-i-napravi-sam-proekti-so-seno-i-korpa-zelenchuk-foto-02.jpg

Бидејќи од скоро се преселивме во село, веднаш на ум ни падна темата – фарма. Но, морам и да разбијам предрасуди околу ваквите теми дека чинат многу пари и дека не може да си ги дозволи секој, јас тука би рекла дека за една ваква прекрасна роденденска прослава потребно е само време, труд и добра подготовка,.

detski-rodenden-vo-kichevsko-so-tema-farma-i-napravi-sam-proekti-so-seno-i-korpa-zelenchuk-foto-19.jpg

Секако, доколку платите фирма да го среди сето тоа, верувам дека би чинело многу, но еве во продолжение јас ќе споделам како сама успеав да го реализирам целиот настан и декорацијата во нашиот дом.

За почеток, подготвив план како би сакала да изгледа целата декорација и што сè ми е потребно за истата.

detski-rodenden-vo-kichevsko-so-tema-farma-i-napravi-sam-proekti-so-seno-i-korpa-zelenchuk-foto-15.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Зои Блаж емотивно го слави 1-иот роденден на ќерката, откако пред 7 години ѝ кажаа дека нема да стан... „Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка. Со тебе научив дека најуб...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...
Сестрата на Спире кој почина во Кочани, пушти 27 балони кон небото за неговиот роденден: „Те сакам б... „Среќен небесен роденден брат. Оваа година можам да ти подарам само 27 балони“, ...
Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Лозано првпат објави фотка од синот за прв роденден: „Да си ни жив и здрав, синко мој“ „Бебушек Марко денес ни прави 1 годинка“ - стои во дел од описот кој Лозано го н...

Најчитани неделава