Марија од Скопје е уникатна и кул матурантка со фустан со впечатлив крој и бисери

„Фустанот што го носев на прославата за матура е инспириран од модел од ревијата на Mugler. Белите бисери кои слободно паѓаа низ фустанот и црните ракавици беа аксесоари, кои му дадоа уникатен печат на целиот изглед“, вели матурантката Марија Јанчевска (18) од Скопје за CRNOBELO.com, која откри дека се инспирирала од модел кој Ирина Шајк го носела на ревијата на „Mugler“.

devojka-od-skopje-e-unikatna-i-kul-maturantka-so-fustan-so-vpechatliv-kroj-i-biseri-01.jpg

Марија Јанчевска (18) од Скопје е матурантка во средното училиште Јахја Кемал, која покрај училиштето се занимава со глума и пишување.

Нејзините највпечатливи филмски ангажмани досега се улогата на Елена во првиот македонски филм на Нетфликс „Сестри” и Сандра од тинејџерската серија „Teen camp”.

Таа за својата матурска прослава се одлучи за краток црн фустан со впечатливи детали, инспириран од нејзиниот омилен моден бренд.

За CRNOBELO.com Марија споделува детали за стајлингот:

„Фустанот што го носев на прославата за матура е инспириран од модел од ревијата на Mugler. Колекциите на Mugler секогаш будат восхит и предизвик за мене и мојата фантазија.

devojka-od-skopje-e-unikatna-i-kul-maturantka-so-fustan-so-vpechatliv-kroj-i-biseri-02.jpeg

Веќе подолго време ја следам и Ирина Шајк и често се инспирирам од нејзините модни комбинации, како и оние кои ги носи на ревиите.

Таа на ревијата на Mugler изгледаше многу моќно, токму во ваков краток црн фустан со интересен детаљ од страната, кој севкупно создаде еден прекрасен изглед и целосно се вклопуваше во мојата замисла за прославата.

devojka-od-skopje-e-unikatna-i-kul-maturantka-so-fustan-so-vpechatliv-kroj-i-biseri-09.jpg

Секако, изгледот не е комплетен и не може да го постигне вистинскиот потенцијал без да се направи вистинскиот избор и во однос на шминка, фризура, боја на нокти, накит.

devojka-od-skopje-e-unikatna-i-kul-maturantka-so-fustan-so-vpechatliv-kroj-i-biseri-03.jpeg

Мојата соработка со едно студио за убавина придонесе лесно да се согласиме на најдобрата комбинација на минимална сјајна шминка со акцент на црвениот кармин и едноставна фризура, кои му оставија простор на фустанот да заблеска.

devojka-od-skopje-e-unikatna-i-kul-maturantka-so-fustan-so-vpechatliv-kroj-i-biseri-04.jpeg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје: „Снимив видео како син ми гали маче, ме нападнаа дека го малтретира - зошто толку о... „Мика на видеово е бебе од 14 месеци, со недоволно развиена моторика на рацете и...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Снежна идила во Градски парк во Скопје (фото) По Нова година и Божиќ без врнежи, утрово Скопје конечно се разбуди под снежна п...
Девојче (5) од Скопје имаше тематски роденден, со 12-метарска копија на куќата на Барби „Целта беше да се долови мини свет на Барби во реалноста“, вели мајката на Зои (...
Скопје е совршена пролетна дестинација според „The Times“: Фасцинантен град со богата гастрономска к... Реномираниот магазин „The Times“ го опиша нашиот главен град како фасцинантно ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg