Дизајнерката Ива Спасовска објави магични фотки од запросувањето во Париз под Ајфеловата кула
- Детали
- среда, 31 мај 2023
Дијамантски прстен под светлината од Ајфеловата кула, судбоносното „да“ во најромантичниот град на светот, шампањ на прозорец со спектакуларен поглед и елегантни монохроматски аутфити... Ива Спасовска сега објави и фотки oд нејзиното запросување во француската метропола.
Дизајнерката Ива Спасовска по видеото од бајковитото запросување во Париз од страна на својот сакан, по потекло од Турција, објави и фотографии оттаму.
Двајцата во бели елегантни стајлинзи со соодветни модни додатоци блескаат под Ајфеловата кула.
Со фотографиите Ива напиша:
„Ви благодариме на сите прекрасни честитки и ви посакуваме дупло со убавина да ви се враќа сè што ќе си посакате“.
Парот уште престојува таму и според фотките на Инстаграм минуваат незаборавни мигови во француската метропола.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





