„Запеј денес со мене!“ - Синот на Аки Рахимовски со емотивна објава за неговиот роденден

„Одмори се од оние што те измориле и запеј со мене денес“ - синот на Аки Рахимовски, Кристијан, со емотивна објава го одбележа роденденот на неговиот татко, кој почина во јануари минатата година.

zapej-denes-so-mene-sinot-na-aki-rahimovski-so-emotivna-objava-za-negoviot-rodenden-01.jpg

Вчера (05.06) беше роденденот на фронтменот на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, кој почина во јануари минатата година, на возраст од 66 години.

Неговиот син, Кристијан Рахимовски, на Инстаграм го одбележа роденденот на неговиот татко со емотивна објава.

„Тато среќен ти роденден. Одмори се од оние што те измориле и запеј со мене денес. Јас ја сакам онаа (песна) што ти ја сакаш...

Ми недостигаш... Твоето дете кретен“ – напиша до фотографијата на Аки, неговиот син Кристијан.

Александар Аки Рахимовски имаше мошне плодна музичка кариера како фронтмен на „Парни ваљак“, а редовно се враќаше во Скопје и Македонија и гордо споделуваше дека израснал токму тука.

Синот Кристијан тој го доби од бракот со првата сопруга, од втората сопруга ја доби ќерката Едина, а 2 години пред својата смрт ја доби ќерката Антонија со 27 години помладата партнерка.

Кристијан претходно рече дека тие двајца имале мошне турбулентен однос, но дека сепак се почитувале.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Лозано објави фотка со синот на мотоцикл - сега и неговата сакана Сава го покажа кул аутфитот на син... Влатко Лозаноски сè почесто почна да споделува детали од приватноста со фановите...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Емотивна средба - Слаткар на концерт го препозна Јован, момчето кое спаси 20 деца во Кочани, и се си... „Еве го јунакот“ - напиша Слаткар кој на својот вчерашен концерт го препозна мом...

Најчитани неделава